еМагазин
Image default
Македонија

Ирена Ристиќ ќе ги „гони“ полицајците кои ја приведоа

Актерката и активист Ирена Ристиќ на својот Фејсбук профил соопшти дека ќе ги преземе сите правни мерки против полицајците кои ја приведоа пред неколку дена.

Ви го пренесуваме нејзиниот статус:

„Почитувани новинари, медиуми и заинтересирани.

Покажавте голем интерес за случајот.

Безброј повици кај мене и мојот правен застапник.

Ве известуваме на овој начин со цел да не даваме изјави одделно.

Ние секако дека немаме намера да прејдеме преку незаконитото и непрофесионално однесување на овластените службени лица.

Време е, ако сакаме да тврдиме дека веќе не живееме во режим, да се позанимаваме со оние кои треба да бидат пример за чест, а не за потсмев, кои треба да бидат органи на безбедност, а не на терор.

Ве известуваме дека ке бидат преземени сите правни мерки против инволвираните кои си создаваат илегална пракса на носење на наводно алкохолизирани лица во психијатриска болница за да “стручно лице” процени по физиономија дали сте пијан (нешто што не поминува на суд) или не, што нема законски основ прво, а второ е детски и крајно несериозно.

Ја очекуваме Вашата поддршка бидејќи во оваа земја очигледно само така се помрднуваат работите.

За секунда ставете се во положба да од чиста мира овластени службени лица само поради тоа што тврдат дека сте алкохолизирани, имаат право да ве влечат по психијатарски болници.

Што се однесува до малициозните коментари, сеирот, ситењето, паушалните дијагнози и анализи, шерлокхолмсовските пориви, молкот, тука нема да Ви се мешам.

Секој сам си ја бира душевната храна.

Мојот фокус останува на идејата, на борбата до крајната цел и конечно, на луѓето кои во мене гледаат светла точка, на луѓето кои ја немаат мојата “лудост”, на децата кои ми се радуваат и за кои сум пример, на сите оние кои ми веруваат и ме сакаат и чија поддршка ме држи на нозе деновиве.

А да се проаѓа низ овој кафкијански лавиринт, ама уопште не е лесно. Пеколно е“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со детали за приведување на Ирена Ристиќ

Од МВР на Ристиќ и порачаа дека може да пријави насилство од полицајците

„Твитер“ коментари за Ристиќ: Па и да била пијана, кој нормален може да се соочи со трезна глава со сите ваши/наши ѓубриња?

Ирена Ристиќ за приведувањето: Ме развозуваа од Беко до Бардовци, тормозеа и пцуеа

Фото: Фејсбук/Ристиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гази Баба и Аеродром на врвот: Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Осумгодишно дете било врзувано за кревет: Македонија ќе треба да плати отштета од 18.000 евра

Редакција

Убава вест: Оздравени 212 пациенти од Ковид-19, најмногу од Скопје, Куманово и Штип

Редакција