еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Исчезнатиот Пепи пронајден мртов, семејството со апел до граѓаните како да се препознае човек со деменција

Исчезнатиот Пертеф Назим-Пепи е пронајден мртов во околината на Злокуќани, информираа синоќа од семејството. Оваа информација на семејството е потврдена и во дневниот билтен на МВР, во кој се вели дека дека машки труп во распаѓање е пронајден во реката Лепенец.

Семејството се заблагодари на сите луѓе за огромната помош во потрагата, но воедно и апелираа како граѓаните да препознаат човек со деменција.

„Навистина се надевам дека многу луѓе ќе научат нешто од нашата ситуација – огромен е бројот на луѓе во Македонија кои живеат со некаква форма на деменција, а 6 од 10 луѓе со деменција „отшетуваат”, како вујче Пепи, и се губат, не сфаќаат дека се изгубени и не знаат да побараат помош. Ако видите човек на улица кој делува збунето, изгубено, пријдете му, направете муабет и задржете го, доколку имате и најмала сомнеж дека се работи за изгубен човек, не го губете од вид и јавете се на 192, полиција, можеби ќе спасите нечиј живот. Ако се грижите за близок со деменција, набавете ГПС часовник или слична ГПС направа. За жал, вакви работи се случуваат, дури и кога ги гледаме блиските 24-7“, велат од семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел за помош: Исчезна жител на Тафталиџе кој боледува од Алцхајмер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Доктор Лазаров: Ковид-19 се детектира во ткивата повеќе месеци по инфекцијата

Редакција

Денеска е Велик Петок: Најтешкиот ден во годината поради распетието Христово

Редакција

Денеска облачно и студено време, со повремен дожд

Редакција