еМагазин
Image default
Локално

Иселеници од САД донираа комуникациска опрема за дебарските пожарникари

Иселеници од Дебар во САД обезбедија опрема за комуникација за дебарската Територијална противпожарна единица (ТППЕ), која интервенира и во Центар Жупа, како и на подрачјето на Река во Општина Маврово и Ростуше.

Заблагодарувајќи се на донацијата, командирот на ТППЕ, Џетан Мифтароски, го нагласи големото знаење на комуникација меѓу самите пожарникари на терен, како и навременото интервенирање и секако издавањето наредби.

– Донацијата е навистина од големо знаење, бидејќи при интервенција комуникацијата може да доведе до самоспасување на пожарникарите, спасување на нивниот живот, побрза интервенција, поголема сигурност во одлучувањето и издавањето наредби. Самиот чин и самата постапка на доделување на оваа опрема е потврда дека дебрани, иако се далеку преку океанот, сепак мислат за нашата единица, а тоа значи и поголема сигурност и безбедност на нивниот роден град и сограѓани, рече Мифтароски.

Тој посочи дека ваквата опрема е неминовна, бидејќи состојбите, времето на информирање, како и другите активности што ги имаат во однос на развивање на технологијата, мора да ја следат за да бидат во чекор со времето.

На предавањето на донацијата, претставниците на татковинското друштво на дебарските иселеници во САД „Дибра“, најавија продолжување на помошта за нивниот роден град.

Оваа, инаку е последователна помош на друштвото „Дибра“. Покрај другото благодарение на нивната поддршка веќе трето лето на брегот на Дебарско Езеро функционираат екипи спасувачи на вода. Тие се лоцирани на две локации на градската плажа се до 31 август, во делот каде има и најголема посетеност.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со автомобил удрил деветгодишно девојче и побегнал

Редакција

Убиен маж и тешко повредена жена по семејна расправија во Кочани

Редакција

Од денеска поголем број автобуси на ЈСП: Дел од линиите по летен возен ред

Редакција