еМагазин
Image default
Македонија

Исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за „бомбата“ со Мицкоски: Објавен е само дел од разговорот

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ го осуди снимањето и објавувањето на разговори кои, како што посочуваат, се водени на средба со претседателот на партијата, Христијан Мицкоски одржана во канцеларијата на координаторот Никола Мицевски во Собранието.

Бараат од надлежните органи да истражат кој, како и зошто ги снимал средбите.

Во соопштението испратено до јавноста, пратениците истакнуваат дека на Јутјуб се објавени само исечоци од по неколку секунди, додека средбата и разговорот со Мицковски траеле подолго.

– Како пратеничка група, се оградуваме од ваквите игри кои очигледно се нова режија на некој кој покрај нас, бил присутен на средбата, со цел наше деградирање.

Како и досега, НПГ на ВМРО-ДПМНЕ останува транспарента кон јавноста и чесна во пристапот.

Нашите заложби секогаш беа искрени и во интерес на функционални институции, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Аудио) Нови „бомби“: Мицкоски разговара со исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР поднесе кривична пријава за екс-градоначалникот на Кавадарци и двајца директори на градежни компании

Редакција

Од Ковид-19 починале 24 лица, 9 се вакцинирани, 20 се со коморбидитети

Редакција

Најверојатно ќе остане пратеник: Пратениците на пленарна ќе одлучуваат за мандатот на Груевски

Редакција