еМагазин
Image default
Свет

Македонија побезбедна од САД: Исланд е најбезбедна земја во светот

Исланд е најбезбедна земја во светот, според листата на њујоршкиот магазин „Глобал Фајненс“, додека Македонија е рангирана на 59-то место меѓу 128-те држави опфатени со анализата.

По Исланд, на листата на најбезбедни земји следуваат Швајцарија и Финска, додека на двете последни места се Јемен и Филипините.

Интересно е дека Македонија е побезбедна земја од САД, кои се на 65-то место.

Од земјите во регионот најдобро котира Словенија на 12-то место, Хрватска е на 22, Бугарија на 42, Босна и Херцеговина на 56, Грција на 57, Србија на 58, а Албанија на 69 место на листата.

Во образложението на листата, магзаинот наведува дека при рангирањето биле земени предвид три фактори: војната и мирот, личната безбедност и ризикот од природни непогоди.

Резултатот ги сумира индексите на трите ризици и претставува сеопфатен поглед на безбедноста на секоја земја одделно, што значи дека високо ниво на ризик кога е во прашање еден фактор, има големо влијание на конечното рангирање на земјата, наведува „Глобал Фајненс“.

Според магазинот, тоа што Филипините се наоѓаат на последото место, зад Јемен, каде се води граѓанска војна, се должи на фактот што земјата има „лоши резултати“ во однос на личната безбедност и зачестеноста на природни непогоди.

– Ужасниот резултат на Јемен е последица на војната и гладта, но оваа земја има сосема мал ризик од природни непогоди. Затоа Филипините се полошо рангирани од Јемен, икао Јемен е воена зона, истакнува „Глобал Фајненс“.

На врвот на листата меѓу првите 20 земји, дури 16 се од Европа, а покрај нив, надвор од европскиот континент се само Катар, Сингапур, Нов Зеланд и Канада.

– Економскиот развој по се изгледа го намалува ризикот од избувнување воен судир или насилство во семејството. Во суштина, овие два фактори се поподложни на контрола, отколку ризикот од природните непогоди, врз кои често влијае географијата, наведува магазинот.

Сепак, има неколку значајни исклучоци за некои економски развиени земји, како што се САД, што се должи на фактот дека ризикот од насилни злосторства е погоолем поради високата стапка на убиства, што влијае на намалување на личната безбедност. Доплнително, САД имаат и нешто поголем ризик од природни непогоди.

Поради големиот ризик од елементрани непогоди и една од економски најразвиените земји во светот – Јапонија, е рангирана на 43-то место на листата, зклучува „Глобал Фајненс“.

МИА/invest.is

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тивка војна меѓу ЕУ и САД: Можни царини за увоз на американски возила во Европа

Никола Осило

(Видео) Индија ја откри највисоката статуа во светот: Два пати повисока од „Статуата на слободата“

Никола Осило

Јапонија со закон забранува физичко казнување на деца

Редакција