еМагазин
Image default
Бизнис

Зголемување за 87,5%: Исплатените штети за приватно здравствено осигурување достигнаа 1,5 милиони евра

Вредноста на исплатените штети покриени со приватно здравствено осигурување во првите шест месеци порасна за 87,5 отсто и достигна 92,6 милиони денари (1,5 милиони евра). Истовремено, вложувањата на граѓани и компании во приватно здравствено осигурување се зголемени за 38 отсто достигнувајќи 232,5 милиони денари (3,8 милиони евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Податоците за исплатени штети и продадени полиси потврдуваат дека приватното здравствено осигурување, во контекст на актуелната здравствена пандемија, станува многу популарно и се пошироко прифатено кај осигурениците (граѓани и правни лица).

Истовремено се зголемуваат износите кои осигуреници ги вложуваат во приватно здравствено осигурување со цел да обезбедат поквалитетна здравствена заштита од јавното здравство, која не е на товар на државниот буџет и на државниот Фонд за здравствено осигурување.

Во првите шест месеци годинава осигурителните компании кои продаваат полиси за приватно здравствено осигурување ликвидирале т.е. исплатиле 9.144 оштетни побарувања на свои осигуреници. Тоа е за 68 отсто повеќе во споредба со истиот период претходната година кога друштвата за осигурување ликвидирале 5.432 штети.

Во првото полугодие се продадени 9.870 полиси за приватно здравствено осигурување што е за 46 отсто повеќе од истиот период во 2020 година. За првите шест месеци годинава до АСО се доставени само две претставки од незадоволни осигуреници за покритие на штета по полиса за приватно здравствено осигурување.

Вредноста на штети исплатени за приватно здравствено осигурување достигна 5 отсто во вкупниот износ на бруто исплатени штети (БИШ) за првото полугодие оваа година. За овој период учеството на исплатени штети за приватно здравствено осигурување порасна за 67 отсто во споредба со истиот период лани кога оваа класа осигурување во БИШ учествуваше со 3 отсто.

Највисоката поединечна исплатена штета покриена со приватно здравствено осигурување изнесува 610.000 денари (10.000 евра).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ АД Скопје овозможи онлајн нарачки и плаќање на екстра лесно масло за домаќинство EL-1

Редакција

Неколку големи клиенти ги набилдаа „лошите“ кредити кај банките

Редакција

Кои се 20. најуспешни жени менаџери за 2022 година во избор на агенцијата „Марили“

Редакција