еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Испорака на храна онлајн, ќе се врши и за време на викенд

Во однос на целосната забрана за движење за време на викенд, Владата ги задолжи Општинските кризни штабови да определат економски оператори/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на територијата, а економските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку он-лајн порачки, непречено да ја извршуваат својата работа за време, во деновите сабота и недела, информираат од таму.

„За оваа цел, се задолжуваат Општинските кризни штабови, во соработка со Министерството за внатрешни работи да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните.

Економските оператори што имаат производствени капацитети да го прилагодат своето работно време согласно забраните за движење на територијата и непречено да го организираат работниот процес,“ соопштуваат од Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерките почнуваат од среда: Забрана за движење од 16 часот до 5 наутро, за викенди 48 часа дома

Нарачајте од Рептил без да ја напуштите безбедноста на домот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре стабилно и топло време, во среда дожд

Редакција

Трагедија: Почина 20-годишниот Марко Божиновски, младински ракометен репрезентативец

Редакција

Викендов облачно со пороен дожд

Редакција