еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Испрати ли Боки 13 порака со објавата на Фејсбук страната на 1ТВ дека ќе бидеме изненадени од позадината за „Рекет“

Пораката која осамна на Фејсбук и Инстаграм страните на телевизијата 1ТВ дека јавноста ќе биде изненадена од позадината и вистината за предметот „Рекет“ ја разбранува јавноста.

“Сакаме да ве известиме дека целата јавност ќе биде изненадена од позадината и вистината за предметот „Рекет“. Како беше онаа познатата реплика: „Вистината е како шило“. Е, токму тоа шило ќе го дупне надуениот балон наречен „Рекет“!!!“, стои во неа меѓудругото.

Не е познато кој стои позади објавата, но лесно може да се претпостави.

„Доволно долго време паузиравме со објави на нашите профили. Нашата прва објава ја посветуваме на човекот кој ја создаде 1ТВ, Бојан Јовановски и кој се бореше секој вработен во телевизијата да има достоинствен третман, човек кој беше другар со секој враборен во 1ТВ. Ние сме сведоци на фактите кој бил и каков бил Бојан Јовановски, но…“, пишува во објавата, во која има најава и за други што ќе следат.

Последниот статус на Фејсбук страната на 1ТВ, за која првообвинетиот во „Рекет“, но и во случајот „Меѓународен сојуз“ или познат како „Рекет 2“, Бојан Јовановски – Боки 13 велеше дека е негова, (иако не фигурираше во официјалната сопственичка структура), бил во септември.

И самиот Боки 13, кој е единствениот кој остана во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, уште пред да почне судењето за „Рекет“ најавуваше дека сака да ја каже целата вистина за „Рекет“ и дека едвај чека да почне истото.

И во текот на судењето Боки 13 најави дека поседува доверливи информации за случајот, а неодамна дури и побара средба за да истите ги сподели со јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Неговиот адвокат Сашко Дуковски, пак ја информираше јавноста дека на Боки 13 му се закануваат високи преставници, но не откри кои.

Нема дилема, јавноста се уште не е уверена дека тројцата обвинети во „Рекет“ (освен Боки 13, обвинета е и поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева и Зоран Милески, кој призна вина и доби затворска казна од три години) се единствените инволвирани во оваа афера.

Но, вистинското прашање е дали Боки 13 навистина знае нешто што ние не знаеме или само се позиционира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какви доверливи информации има Боки 13?

Кои високи преставници му се закануваат на Боки 13?

Најчитано на еМагазин во 2019: Ќе открие ли Боки 13 навистина каде се парите и кој е организаторот и помагачите во „Рекет„?

Фото: Боки 13/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТАВ Македонија: Утринава откажани два лета, се очекува подобрување на временските услови

Редакција

Промовирано шибенско-македонско пиво во чест на кардиохирурзите кои ја извршија првата трансплантација на срце во државава

Редакција

(Видео) Катаклизма во Австралија: Бури со град како орев, поплави, пожари и суша

Редакција