еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Истрага „Базни станици“ на СЈО: Наместо „Т-мобиле, да ги гради базните станици, Луковски му ги дал на „Бетон“

Една од новите истраги на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е наречена „Базни станици“, а во неа е осмоничен Жарко Луковски, поранешен главен извршен директор на Т-мобиле Македонија.

“Со наредба за спроведување на истражна постапка во случајот „Базни станици“, опфатено е едно лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст. 5 в.в. со ст.4 и 1 од КЗ“, велат од СЈО.

Според доказите, во текот на 2011 година осомниченииот Жарко Луковски, тогаш главен извршен директор на Т-мобиле Македонија АД, со искористување на положбата и овластувањето, на ДГ Бетон АД Скопје му прибавил значителна имотна корист од 3.522.400 евра. Воедно, на акционерите на Т-мобиле Македонија, меѓу кои е и државата, им нанел штета во висина на приходот од неоствареното право на дивиденда, велат од СЈО.

“Имено, осомничениот, со цел легализација на дивопоставени базни станици, инаку предвидено со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, во април 2011 година побарал финансиска понуда од ДГ Бетон за таа компанија за компанијата Т-мобиле Македонија да ја заврши постапката за утврдување на правниот статус на нејзините базни станици, иако Т-мобиле Македонија поседувал соодветен тим на стручни и лиценцирани лица, кои и претходно работеле на утврдување на правниот статус на базните станици и тоа во износ од по околу 3.000 евра по објект.

Нагласуваме дека ДГ Бетон како правно лице претходно никогаш нема давано услуги од овој вид, а во фирмата постоел само еден вработен со соодветното работно искуство.

Сепак, набрзо ДГ Бетон ја известил компанијата Т-мобиле Македонија дека бараната услуга може да ја изврши, по што на 15 август до ДГ Бетон доставил конечна понуда од 9800 евра по објект, како и 2.500 евра за докомплетирање на документација за други стари базни станици.

Нагласуваме дека станува збор за сума по базна станица која е за повеќе од три пати повисока во однос на таа за која истата работа можела да биде завршена од страна на стручниот тим на Т-мобиле Македонија.

Од доказите произлегува дека на 27 декември истата година осомничениот Жарко Луковски, во име на Т-мобиле Македонија, потпишал договор со претставник на ДГ Бетон за утврдување на правниот статус на базните станици и нивно запишување во јавните книги за недвижност, по веќе споменатата цена од по 9.800 евра по објект, без ДДВ но, вклучително и за 518 комуникациски објекти за кои документацијата само технички била доставена до ДГ Бетон, бидејќи истата веќе била изготвена во Т-мобиле Македонија.

Имено, на ДГ Бетон му останала обврска оваа веќе изготвена документација само физички да ја однесе во Архивата на Министерството за транспорт и врски.

На овој начин, ДГ Бетон се стекнал со имотната корист од над 3,5 милиони евра, додека акционерите, меѓу кои и државата претрпеле штета во приходи од неостварена дивиденда“, велат од СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штета на буџетот од 80 милиони евра: 6 нови истраги на СЈО, осомничени Ставрески, Османи, Груевски…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кај лицата на возраст од 20 до 39 години најголемо зголемување на бројот на заразени со Ковид-19

Редакција

Министерството за образование и наука склучи договор со “Арс студио Тамара“ вреден 5,1 милиони евра

Редакција

Поради отсуство на вешто лице се одложи судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција