еМагазин
Image default
Локално

Истрага за несреќата: Рударот загинал при поставување експлозивни средства

При поставување експлозивни средства за минирање во јама на рудникот „Тораница“ – Крива Паланка вчера во попладневните часови се случи несреќа, во чии рамки беа повредени тројца рудари од овој рудник.

Kако последица на сериозноста на повредата и видот на ранувањето, еден од нашите вработени подлегна на повредите, додека останатите двајца беа пренесени во ЈЗУ Општа Болница “Куманово“, информираат од компанијата „Булмак 2016“ ДООЕЛ Пробиштип.

Одговорни лица од нашата компанија, порачуваат, се во континуиран контакт со болницата и ја следат состојбата на повредените колеги.

„За овој трагичен настан компанијата „Булмак 2016“ веднаш ги извести сите надлежни институции и органи кои пристапија со истражна постапка на местото на несреќата.

По завршување на целата истражна постапка од страна на надлежните органи, компанијата „Булмак 2016“ ќе преземе дополнителни мерки за утврдување на околностите на несреќата во соработка со компаниите – добавувачи на експлозиви и детонатори кои се користат во рамки на редовната работа во рудникот“, порачуваат од компанијата и изразуваат искрено и длабоко сочувство и жалење до семејството на починатиот колега, а на другите двајца им посакуваат што поскоро заздравување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Еден рудар загина, а двајца се повредени при минирање во рудникот Булмак-Минстрој

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комунална хигиена продолжува со подигање отпад во три смени секој ден во неделата

Редакција

Возач „летал“ со 182 километри на час во близина на Дебреше

Редакција

Кривични пријави за двајца лихвари од Радовиш

Редакција