еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови четири лица осомничени во „Рекет“

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утре ќе поднесе обвинение за случајот „Рекет“, потврди државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

– Истрагата во првиот дел за „Рекет“ е при крај. Обвинителката Вилма Рускоска работи на донесување јавно-обвинителска одлука. Колку што сум информиран во текот на утрешниот ден ќе селеди обвинение за тој дел, изјави денеска Јовески.

Тој рече дека со тоа не го сметаат целосно исцрпен предметот „Рекет“, бидејќи Обвинителството работи на утврдување на факти и околности и за други две-три дејствија.

– Во текот на денешниот ден ќе отвориме истрага уште против четири лица, рече Јовески.

Додаде дека тоа ќе биде во делот на дејствијата посочени од новинарите, во делот на исплатата на средствата од 720.000 евра од битолската фирма.

– Дел од тие лица беа на распит, а дел ќе бидат повикани на распит деновиве, рече Јовески.

Државниот јавен обвинител рече дека станува збор за делата перење на пари, измама и помагање во дел на измама.

Во „Рекет“ првоосомничен е Бојан Јовановски (Боки 13) за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари и други приноси од казниво дело.

Второосомничен, за трговија со влијание, е Зоран Милески Кичеец, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е третосомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.

Јовановски и Јанева се во притвор во КПУ Затвор Скопје, а Милески е во домашен притвор.

Јовановски вчера требаше да даде исказ во Обвинителството, но му се слоши и со брза помош беше однесен во болница, а потоа вратен во притвор.

Исказ во Обвинителството нема да дава ниту Катица Јанева. Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска за МИА потврди дека таа во оваа фаза нема да дава исказ, но ќе го задржи правото во однос на предлагање сведоци и докази понатаму во постапката.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потпреседателката на Собранието, Фросина Ременски осомничена за „Рекет“

Едно од новоосомничените лица за „Рекет“ е функционер

Боки 13 нема посериозни нарушувања на здравјето

Јавноста не дозна кој се е вплеткан и каде се парите: „Рекет“ пред обвинение

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски за францускиот предлог: Бугаризација на рати

Редакција

Нови 23 случаи на заразени со корона вирусот, од кои 12 се во Скопје

Редакција

(Фото) Ќерката на премиерот кај Папата Франциск во креација на Тања Кокев

Редакција