еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Италијански компании претставија свои технологии и експертиза за подобрување на квалитетот на животот во урбаните средини

Денеска во организација на Амбасадата на Република Италија и ITA – Italian Trade Agency се одржа конференција на тема „Дизајнот и новите технологии за одржлива иднина.“ во рамки на 6. издание на Italian Design Day.

Овогодинешното издание на Italian Design Day, имаше за цел да ги престави новите технологии за подобрување на квалитетот на животот во урбаните средини, „зелени“, „смарт“ и иновативни решенија за урбан транспорт, управување со сообраќајот, максимизирање на енергетската ефикасност, заштита на животната средина, и сл.

За таа цел, на конференцијата во Скопје се претставија со своите технологии и експертиза некои од најеминентните италијански компании во овие области.

На конференцијата во Скопје се претставија со своите технологии и експертиза некои од најеминентните италијански компании во овие области.

ИВЕКО www.iveco.com ги претстави своите иновативни и одржливи решенија за декарбонизација на урбаниот транспорт.

ЕНЕА, државната агенција за нови технологии, енергетика и одржлив економски развој www.enea.it ги претстави своите искуства и проекти во доменот на решенија за енергетска ефикасност во урбани средини, додека Систематика www.systematica.net претстави решенија за урбана мобилност со нулта емисија на штетни гасови за новите смарт градови.

На настанот беа презентирани и финансиски инструменти со кои се поддржува набавката на италијанска технологија и опрема во странски земји (градови, општини, јавни претпријатија) од страна на италијанската државна финансиска институција САЧЕ www.sace.it.

Italian Design Day е проект на италијанското Министерство за надворешни работи со кој се промовира дизајнот како универзална експресија на „Made in Italy”. Денот на италијанскиот дизајн се одбележува со богата програма со настани организирани од италијанските амбасади низ целиот свет.

Настанот го отвори aмбасадорот на Италија, Андреа Силвестри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советот на општина Кавадарци против истражувања за отварање рудник на Кожуф

Редакција

Обезбедена нова опрема за следење на ефектите од процесот на чистење на линданот во ОХИС

Редакција

Отпад од Инфективна болница закопувале кај заштитната зона на бунарите „Нерези Лепенец“

Редакција