еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Иванов или Нинџа: На кого му верува јавноста?

Како да е сценарио од холивудски филм се развива судската разрешница за собраниските настани на 27 април во која како се ближи крајот на излагањето на сведоците така се повеќе се комплицира прашањето кој се бил вмешан во обидот со организирана толпа да се изврши упад во Собранието за да се спречат демократските процеси во земјава.

По сведочењето на Александар Василевски –Нинџа кој посочи со прст кон УБК, ВМРО-ДПМНЕ, но и Кабинетот на претседателот и кажа дека тој и останатите биле статисти во режија на виоски структури од поранешната владејќка гаранитура се наметнува прашањето на кого треба да му верува јавноста.

Тој меѓу другото изјави дека заменик-началникот Никола Бошковски го побарал директорот на УБК, Владимир Атанасовски, велејќи му дека во Собранието е хаос по што Атанасовски цинично му одговорил „комуњарите сакаат да бираат претседател, така им е“ и го известил дека во тој момент во штабот на 8. кат е шефот на кабинетот на претседателот Иванов, Борис Јосифовски, и дека во секој момент може да биде прогласена воена состојба, како и дека воена состојба не била прогласена поради притисок од странски фактор.

На тоа реплицираше Иванов кој рече дека јавноста верува на обвинет, а не на официјалните институции.

„Имаше изјава и обвинителката, имаше соопштение и од Армијата и од кабинетот. Веројатно нашите изјави се многу поиздржани од изјава на обвинет кој прави се да го одбегне тоа што му следува. Прашајте кај биле генералите тој ден, кај бил началникот на Генералштабот, каде бил мојот аѓутант, Армијата. Веќе имаме и нова власт и нова министерка за одбрана која сите овие месеци можела да види што има во МО за тој ден зашто се` се евидентира. Армијата не е невладина организација, туку хиерархиски поставена институција која води евиденција за секој ден, за секој час, за секој војник и офицер“, рече Иванов.

Тој потоа одржи и прес-конференција на која остро ги демaнтираше сите шпекулации за евентаулна вмешаност на неговиот Кабинет и Агенцијата за разузнавање во какви било незаконски сценарија, но сепак додаде дека можеби имало обид Кабинетот да биде злоупотребен во оваа насока.

Сега се поставува прашањето, кој има повеќе да изгуби и кому треба да му верува јавноста по ваквиот расплет. Извесно е дека судот ќе го има последниот збор за епилогот на овој случај што значи дека за релативно кратко време јавноста би требало конечно да ја дознае вистината за тоа кои се сите актери кои го организираа собранискиот упад.

Фото: Кабинет на претседателот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Иванов дозволи новинарски прашања: На 27. април бил дома, неговите советници на шест месеци подлежат на полиграф

Вонредно обраќање на Иванов: Не се разговарало за воена состојба, прашање е кој сакал да го злоупотреби Кабинетот на претседателот

Иванов: Небулозни се тврдењата дека се планирала воена состојба на 27 април

Твитер „зовре“ по сведочењето на Александар Василевски: „Овој Нинџа го натпеа и Дурловски“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рускиот митрополит Антониј утре доаѓа во Скопје

Редакција

Бугарскиот министер Каракачанов: Ние не брзаме, тие 28 години спореа со Грција

Редакција

И Скендер Реџепи најави формирање на нова политичка партија

Редакција