еМагазин
Image default
Македонија

Иванов на средбата со папата Франциск ги повика граѓаните на помирување и простување и сплотување за духовна обнова на Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов, во обраќањето во рамки на посетата на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска од Вила Водно ги повика граѓаните на помирување и простување, сплотување за духовна обнова на Македонија.

-Сакам да упатам повик до сите мои сограѓани, до сите со добра волја и чисти срца, независно дали припаѓаат кон православната, католичката или протестантската гранка на христијанството, дали се муслимани, евреи или атеисти, ве повикувам да ја препознаете симболиката на оваа посета и преку понизност и простување, помирување и сплотување, преку одговорност и почитување да се вклучите во духовната обнова на Македонија пред да биде предоцна, рече претседателот Иванов.

Тој кажа дека на овие вредности потсетува токму папата Франциск, кој, како што рече, симболично го повторува чинот што го направил Исус по Тајната вечера, свесен за искушенијата и маките кои го чекаат, понизно миејќи ги нозете на своите следбеници.

-Вие се наведнувате да им ги измиете нозете на болните и сиромашните, на затворениците и бегалците, на гладните и жедните, на отфрлените и маргинализираните независно дали се христијани, муслимани евреи, хиндуси, будисти, атеисти… Верувам дека вашите дела не се уште еден истрошен симбол напротив вие, не потсетувате дека иако нашата човечка љубов кон бога и кон луѓето е променлива божјата љубов и верност кон на служето е трајна, рече Иванов.

Со тоа, додаде, вие го симболизирате патот на љубовта, милоста, понизноста и служењето.

-Тоа е пат што треба да го следиме и ние тука во Македонија Независно од нашата вера или идеологија. Само така ќе може да им оставиме подобра иднина на младите и се уште не родените, рече Иванов.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој го пречека Папата Франциск на аеродромот во Скопје

Пренос во живо од Апостолската посета на Папата Франциск

Обожава танго и да готви, играл кошарка, работел како исфрлувач во ноќни клубови: Интересни факти за папата Франциск

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците во Кина неможат да извадат нов македонски пасош таму, па во време на пандемија мора да доаѓаат во Македонија

Редакција

Двајцата новопочинати од коронавирусот од Скопје и Штип имале кардиоваскуларни болести

Редакција

Кривичен суд: Неетички е да се коментира пресудата за собраќајната несреќа кај Млечен

Редакција