еМагазин
Image default
Македонија

Иванов не потпишува закони со Северна Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов не ги потпишал Указите за прогласување на шест закони донесени на 28 февруари оваа година, соопшти собраниската прес-служба.

Иванов, како што информираат од Собрание, не ги потпиша следниве закони:

– Закон за изменување на Законот за Оперативно-техничка агенција

– Закон за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образованието, науката, културата, мас медиумите, млади и спорт

– Закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија

– Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица

– Закон за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации

– Закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории.

Иванов, како што стои во соопштението, не ги потпишал и Указите за прогласување на пет закони донесени на 4 март и на 6 март 2019 година. Тоа се:

– Закон за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност

– Закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост

– Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан

– Закон за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит

– Закон за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Иванов, според образложението, Указите не ги потпишал бидејќи во извршувањето на функцијата, секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот и, како што вели, ќе ги брани интересите на Република Македонија, се вели во соопштението.

Денеска истекува и рокот во кој Иванов, треба да ги потпише Указите за прогласување на три закони кои се донесени со дво-третинско мнозинство:

– Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите

– Закон за прекршоците и,

– Закон за управните спорови.

За овие закони, според Уставот, член 75, став 3, претседателот е должен да го потпише Указот, за чие изгласување се потребни 80 пратенички гласови, се вели во соопштението.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Бугарија не побарала промена на Уставот, се надевам на договор

Редакција

На возраст од 20 до 59 се најголем дел од новозаболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

Владата усвои Уредба за интерветна набавка на 200 респираторни машини

Редакција