еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Иванов: Објавувањето на Законот за јазици и Договорот од Преспа во Службен весник без мој потпис е противуставно и претставува основа за кривично гонење

Со писмена изјава за објавувањето на Законот за јазици и новото име, до јавноста се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

“Доцна синоќа имавме можност да го видиме вистинското лице на владината коалиција на СДСМ и ДУИ која себеси се смета за проевропска.

Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни.

Со доставувањето на овие два закона во Службен весник е прекршен член 75 од Уставот на Република Македонија, додека објавувањето на законите е направено незаконски и претставува основа за кривично гонење.

Ова е момент кој ќе покаже дали во Република Македонија постои Уставен суд, дали функционира обвинителството, дали има независно судство и дали постои владеење на правото.

Се прашувам, дали високите претставници на меѓународната заедница, кои ја поддржуваат оваа владина коалиција, ќе се јават и ќе го поддржат овој начин на донесување на закони? Дали ќе ги поддржат овие преседани, што носат несогледливи последици и штета по правото и правната држава и дали вакви преседани применуваат во сопствените држави?“, вели Иванов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер за Законот за јазици: „Како е смештај дан требит на албански? За двојазичноста прашвам…“

Службен весник се огласи по објавувањето на Законот за јазици и новото име

(Фото) Ахмети со двоглав орел честиташе за Законот за јазици

(Фото) Законот за јазици без потпис на Иванов, објавен во Службен весник

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров на политичката сцена се враќа со „Солуција“

Редакција

Вработените во автомат-клубовите и казината со реакција: Игрите на среќа и да се забранат целосно, луѓето повторно ќе најдат начин да играат

Редакција

Европска политичка заедница за тие што не се спремни за прием во ЕУ, предлага Макрон

Редакција