еМагазин
Image default
Македонија

Иванов се уште не доставил барање за буџет на неговиот иден кабинет

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов се уште не доставил барање до владината Служба за општи и заеднички работи за буџетот што му следува по завршувањето на мандатот на 12. месецов, а којшто изнесува осум проценти од годишниот Буџет на институцијата Претседател на државата.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска соопшти дека до владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) досега е доставено барање за информација колкав е буџетот којшто му следува на Кабинетот на претседателот по завршување на мандатот и во  рамки на тој буџет кои се спецификите за формирање на кабинет на поранешен претседател.

– СОЗР има одговорено повратно на информацијата дека тој Буџет е во висина од осум проценти од годишнбиот Буџет предвиден за институцијата Претседател на Република Северна Македонија и оти во рамки на тој буџет Кабинетот на претседателот треба да поднесе барање до СОЗР за деловни простории итн.  До вчера вакво барање не е поднесено. Тоа што се има случено е комуникација помеѓу Кабинетот и Службата за општи и заеднички работи, рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за одлуките од редовната владина седница.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Како ги минува Ѓорѓе Иванов последните денови како претседател?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Национален рекорд: На 100 илјади жители 247,4 заболени од коронавирусот во Куманово

Редакција

Амбасада на Русија: За какво мешање зборува Саливан кога се знае дека на 19 октомври Бејли беше во Собранието

Редакција

Кривичниот суд бара од Јовески да каже кое обвинителство во иднина ќе постапува во предметите на СЈО

Редакција