еМагазин
Image default
Интервју

Ивица Јанев: Воздух, вода и правилна исхрана се клучни фактори за здрав и квалитетен живот

За здравиот начин на живот, за правилната исхрана, за целосната грижа на нашето тело и изглед разговараме со персоналниот фитнес тренер, Ивица Јанев. Ивица се има стекнато со интернационални сертификати кога работел во Италија и во Америка и своето знаење го пренесува на луѓе кои се подготвени за индивидуална промена на начинот на живот.

Здрава исхрана, што подразбираме под тоа?

– Има повеќе елементи кои треба да се нагласат за здравата храна, пред сè да внимаваме храната да не биде ГМО. Како да го препознаеме ГМО-то?  Тоа ќе го препознаеме по бојата, формата, големината, мирисот на самата храна. Инсектите поретко „напаѓаат“ зеленчук и овошје што е растено врз база на пестициди и ГМО.

Здравата храна треба да е свежа и да биде приготвена на правилен начин, тоа значи со помалку сол, на пареа или варена, печена на скара или во рерна. Да се избегнуваат мрснотиите бидејќи тие се главен фактор за холестерол, покачен крвен притисок, неправилно и отежнато работење на срцето, масти во крвта и телото.

Да избегнуваме процесирани шеќери. Шеќерите треба да ги консумираме повеќе преку зеленчукот, помалку преку овошје. Ако треба да одбереме помеѓу морков, црвено јаболко, зелено јаболко, портокал и банана ова би бил редоследот на 100 грама:  морков има 8 грама хидрати со 5 грама шеќери, зелено јаболко 12 хидрати со 8 шеќери, црвено јаболко 14 хидрати со 11 шеќери, портокал 16 грама хидрати со 17 грама шеќери па на крај е бананата со 22 грама хидрати со 15 грама шеќери.

Како да препознаеме што ни е потребно за да здраво се храниме?

– Потребата за здрава исхрана е клучен фактор за нивото на енергија во нашето тело. Стареењето, свежиот израз на лицето, свежината заедно со влажноста на нашата кожа се директно поврзани токму со здравата исхрана. Хидрацијата или доволните количини на вода, минерали, витамини, протеини, масти, хидрати ни се потребни за правилен баланс и здравје а воедно убав и свеж изглед.

Колку правилната исхрана ќе ни помогне со здравјето?

-Постојат три клучни елементи што детерминираат здрав и квалитетен живот. Од тие фактори зависи скоро сè во нашето тело и живот. Нашето здравје, енергијата, стресот, болестите, должината на нашиот живот…

Првиот е воздухот, мора пред сè да дишеме чист воздух. Вториот е водата, така што без вода не можеме да живееме подолго од три до четири денови, затоа мора да консумираме доволни количини на вода за да има доволна хидрација и правилна хомеостаза.

Последен фактор во кој најмногу грешиме е храната. Правилната исхрана ни помага за зајакнување на имунитетот, за изградба на правилна мускулатура, преку неа да одржуваме правилен баланс во нашиот систем. Запомнете дека овие три фактори се чуварите на нашето здравје.

Каква храна ни е потребна за да имаме енергија во текот на целиот ден?

– Потребна ни е балансирана храна со протеини, хидрати и масти соодветно распоредени во однос на нашите активности во текот на денот. Со правилниот распоред на храната ќе постигнеме супер енергетски вредности кои ќе не држат свежи во текот на целиот ден.

Како треба да ја подготвуваме храната, има ли правила?

– Зеленчукот и овошјето да се консумираат свежи, додека останатата храна да се приготвува со помалку маснотии или со растителни масти како што е кокосовото масло кое воедно е и најотпорно на температура, по него следува маслиновото масло.

Освен храната, за да бидеме фит дали е потребно и тренинг и добар сон?

-Храната е само една третина од потребите за да се биде фит. Тренингот според мене е многу поважен, а сонот ни е за регенерација и обновување на мускулните и мозочните клетки. Тренингот ќе ни овозможи виталност и ефективност во нашето секојдневно живеење. Да се движиме правилно, да превенираме замор и малаксаност, да зголемиме нивоа на енергија, да спиеме правилно и уште многу многу бенефиции произлегуваат од вежбањето. Затоа да вежбаме, но тоа да го правиме правилно.

Кои се вашите директни совети на колкав временски период треба да се јаде, да се мери храната и да се избираат правилните намирници?

– Времетраењето помеѓу оброците е во зависност на изворите на храна. Значи не можам да одредам генерално правило за сите бидејќи секоја храна се дигестира различно во нашиот систем. Конкретно во моите програми времетраењето помеѓу оброците го одредувам во зависност од видот на храната што ја препорачувам во планот за исхрана.

Количината на храната варира во однос на целта на клиентот. Моменталната негова состојба со телесна тежина и масти во телото во однос на неговата идеална тежина со телесни масти. Секако сето ова пак е во зависност со неговиот коефициент на активност. Сепак, кај секого претпочитам индивидуален пристап во однос на здрава исхрана и правилен тренинг.

Од каде вашето знаење, на што се темели овој различен и професионален пристап?

-Мојот пристап кон фитнесот и клиентите е изграден на повеќе од 10 годишно искуство на терен и со образование стекнато во највисоко рангираните фитнес универзитети во светот.

Најпрво, инвестирав во образование а со тоа и во моето знаење и затоа се образував на три од светски највисоко рангираните универзитети во светот: NASM, ISSA, NCSF, како и на FMS, PTA global, Xsport University.

По учењето, според потребите се дообучував во разни области кои ми беа потребни. Искрено, до ден денешен учествувам на дообуки, како курсеви и семинари во кои директно активно се дообразувам во зависност од потребите.

Подетално за моето образование, пред и потоа приказни од моите клиенти на мојата официјална веб страна www.icebbf.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што се крие зад успехот на Vivax клима уредите во Македонија?

Редакција

Клаудио Занки, основач на Caffѐ Italia: Филџан оригинално италијанско кафе во Скопје

Редакција

Цветковска: Движењето на хартии од вредност може да се следи и онлајн

Редакција