еМагазин
Image default
Интервју ТОП СТОРИИ

Ивона Милошеска, „Хилтон“: Многу успешно се справуваме со предизвиците во работењето неполна година по отворањето

Топлото гостопримство и подготвеноста да се исполни секоја желба и барање на гостите за време на нивниот престојот во хотелот DoubleTree by Hilton Skopje е главната одлика на овој познат хотелски бренд поради кој за неполна година од почетокот на работењето одлично се позиционираше на хотелскиот пазар во Македонија, но и во поширокиот регион.

Хотелот DoubleTree by Hilton Skopje привлекува многу гости од целиот свет, а изминатава година беше домаќин и на многубројни значајни настани од областа на политиката, економијата, забавата и сл., на кои учествуваа домашни и светски државници, политичари, познати бизнисмени, јавни личности.

Успешното работење на еден од најпознатите светски хотелски брендови во Скопје и вложениот труд на менаџерскиот тим не останаа незабележани од релевантните институции кои ги вреднуваат постигнатите резултати.

Така, по повод Светскиот ден на туризмот, неодамна Министерството за економија на хотелот DoubleTree by Hilton Skopje му додели две значајни признанија, „Најуспешен хотел во категоријата нова туристичка понуда во делот на хотелиерството“ и „Најуспешен хотел во категоријата квалитетна угостителска услуга“.

Покрај комплетниот менаџерски тим на хотелот поддржан од сите вработени, голем придонес за одличните резултати што ги покажува во досегашното работење DoubleTree by Hilton Skopje има тимот за продажба предводен од директорката за продажба Ивона Милошеска. Нејзиното десетгодишно искуство во хотелскиот бизнис е непроценливо за унапредувањето на продажбата и создавањето цврсти врски меѓу гостите и брендот „Хилтон“.

Неодамна во DoubleTree by Hilton Skopje се одбележуваа Деновите на продажба (Global Week of Sales), глобален настан кој истовремено се одржува во сите хотели под брендот „Хилтон“ наменет првенствено за унапредување на продажбата, но и собирање нови искуства преку кои хотелот ќе понуди уште попривлечни содржини и услуги.

Оваа година темата на глобалниот настан беше „100 години гостопримство“, а DoubleTree by Hilton Skopje за време на Деновите на продажба за гостите подготви различни изненадувања во рестораните и ексклузивниот спа и фитнес центар.

Изненадувањата за нашите гости не завршија со Деновите на продажба, туку продолжуваат и во нареднот период. Нашата цел е на сите гости да им понудиме уникатно искуство за време на нивниот престој во DoubleTree by Hilton Skopje во секој сегмент, почнувајќи од престојот, рестораните, фитнес и спа центрите и сл.

Продажбата е многу значаен сегмен во секој бизнис, но кај нас таа се темели на посебен однос кој го градиме со сите наши гости. Тоа се всушност највисоките стандарди на светскиот бренд „Хилтон“ кои стануваат дел од самите вработени и се отсликуваат во нивните секојдневни активности – вели Милошеска.

Таа објаснува дека во изминатата година, во DoubleTree by Hilton Skopje се одржаа многу значајни домашни, регионални и светски настани, меѓу кои само дел се Самитот за Западен Балкан во организација на „Економист“, конференцијата на Светска царинска организација, Меѓународната конференција на Подгоричкиот клуб, работниот појадок на економскиот тим на Владата со чешкиот премиер Андреј Бабиш, но и многу други корпоративни и приватни настани.

Во хотелот престојуваа познати музички, спортски и актерски имиња.

За да ги привлечеме сите тие гости да го организираат својот настан или престој во DoubleTree by Hilton Skopje, несомнено мораше да им понудиме највисок квалитет и уникатно доживување. Ние секојдневно се трудиме да ги исполниме сите барања на нашите гости, без оглед што тоа понекогаш првично делува како невозможна мисија.

Во секој бизнис, особено во хотелиерството, навистина е предизвик да се издвоите од широката понуда, да понудите врвна услуга во секој сегмент и да работите според највисоките стандарди.

Но, задоволството е огромно кога гледаме дека денес токму ние ги поставуваме стандардите во работењето како резултат на напорната работа на целиот тим, што значи дека успешно сме се справиле со предизвикот уште во првата година од отворањето на DoubleTree by Hilton Skopje – вели Милошеска.

DoubleTree by Hilton Skopje е најновиот во синџирот луксузни хотели на реномираниот светски бренд кој официјално почна со работа на 1 јануари годинава. Со отворањето на хотелот во Скопје, светски познатиот бренд „Хилтон“, кој има стогодишна историја, сега е присутен во 110 земји во светот. Под овој реномиран бренд постојат 5.500 хотели во кои во изминатите 100 години престојувале над 3 милијарди гости.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре температура на одредени места и до минус 13 степени

Редакција

Двајца од новозаболените биле во изолација: Зошто расте бројот на заразени со корона вирусот во Тетово?

Редакција

Вкупно 706 лица до 19 години во Македонија заболеле со Ковид-19

Редакција