еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ИВЗ и Сулејман Реџепи и се заканувале на Владата

Владата го објави одговорот упатен до раководството на Исламската верска заедница и до Реисул Улема х. Сулејман еф. Реџепи, после добиено писмо од ИВЗ, кое како што велат, содржи вид на уцени, закани и ултиматуми за предмети за кои се водат постапки пред надлежните институции.

„Во интерес на јавноста и во одбрана на вредностите на заедничкото живеење и концептот едно општество, писмото на ИВЗ до Владата и одговорот на Владата до ИВЗ ги објавуваме во целост„, велат од таму.

ДО:

ИСЛАМСКА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РЕИСУЛ УЛЕМА х. СУЛЕЈМАН еф. РЕЏЕПИ

„Почитувани,

Во однос на примениот допис бр. 03-154 од Ваша страна, истакнуваме дека истиот претставува неприфатлив облик на обраќање кон државните институции, кој е вид на уцена и закана, поради што сериозно размислуваме за истото да го известиме надлежното јавно обвинителство.

Во дописот споменувате неколку предмети, за кои се води постапка пред надлежните институции, која е независна од волјата на извршната власт, а втемелена и зависна од строгото почитување на позитивното право во државата.

Според Уставот, како највисок правен акт, Република Северна Македонија е секуларна држава, а оваа извршна власт никогаш нема да презема чекори со кои би ги манипулирала верските чувства или би се мешала во односите внатре во верските заедници или помеѓу нив. Во таа насока ги отфрламе сите обвинувања дека било која верска заедница е фаворизирана во државата, а таквото обвинување го сметаме за претенденциозно и паушално.

Доколку кај Вас почитуван, постои сомнеж или индиција дека некоја институција ги прекршила позитивно правните прописи Ве охрабруваме како Реисул на ИВЗ да покренете соодветна постапка пред надлежните органи со соодветно правно барање.

Особено важно е да нагласиме дека во мултиконфесионално општество верските граѓански права и слободи се остваруваат преку постојан процес на градење на меѓусебна доверба помеѓу различните конфесии, а не преку ултиматуми, кои како правило на игра доколку го прифатат сите регистрирани верски заедници, сериозно негативно би се одразило врз општествената кохезија.“

Сектор за односи со јавноста

Влада на Република Северна Македонија“

Писмото на ИВЗ до Владата: 

Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските државјани рекордери во депортации од Германија

Редакција

Почина поранешниот министер за култура Благоја Стефановски – Баге

Редакција

(Фото) Еди Рама ја „присвои“ Лешница: Водопадите биле дел од убавините на Албанија

Редакција