еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изјавата на Захариева за Тито е глупост, Скопје за време на „администрацијата“ на Бугарија загуби 5 илјади граѓани, вели Шилегов

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за видувањата на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, за прославата на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје и споменувањето на Јосип Броз Тито во истата, во интервју за бугарската телевизија ТВ Европа рече дека се изместување на тезите и е барање алиби за глупости.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„На Захариева и паднал шеќерот“: Твитер „поцрвене“ по последниот апсурд за славењето на Тито

„Секоја глупост бара алиби, а ставот на Захариева не е ништо друго, освен глупост. Обидувајќи се да ја спаси позицијата на Бугарија, која мислам дека повеќе и наштетува на Бугарија отколку на Северна Македонија, се обидува да ги измести тезите.

Она што се случи во Скопје на 13, односно 14 ноември е изложба од Белгија со поставка за Тито и ништо повеќе. Сега, барајќи алиби за сопствената глупост се изместуваат тезите и се прават обиди да се објаснат необјаснивите позиции на Бугарија за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ“, рече Шилегов за ТВ Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Град Скопје организира „Историска тура со маршалот“, водич Војче Китановски

Шилегов беше прашан и кој го ослободил Скопје.

„Она што се случило во 1941 година е окупација на Македонија од царската бугарска војска која во 1944 година заради сплет на околности се трансформирала во „отечествен фронт„.

Тоа се работи кои де факто се случиле и не треба да мижиме пред тоа, но да се зборува дека окупаторите кои се трансформираа во „отечествен фронт„ го ослободиле Скопје е непринципиелна позиција, тие биле затекнати тука како окупциски војска и ја следеле глобалната политика на Бугарија во тој период.

Треба да се погледне малку поинаку сопствената позиција. Не може да се избегне дека Бугарија била колаборатор со фашистичка Германија“, одговори Шилегов, подвлекувајќи дека за време на „администрацијата“ на Бугарија во Скопје загинале 5.000 граѓани.

„Мојот град загубил 5.000 жители за време на администрирањето. Од нив 950 во борби со администраторите, како што ги нарекувате, а останатите се цивилно население…“, рече Шилегов.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 9 лица, дополнително пријавени уште 7

Редакција

Ќе чини најмалку 260 милиони евра: Поставен камен-темелникот на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10д

Редакција

Починаа уште седум лица од Ковид-19, меѓу нив струмичанка на 44 години

Редакција