еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Избеганиот азилант Груевски доби притвор од 30 дена за „Талир“ на СЈО

Kривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите во предметот од обвинителството означен како „Талир“, донесе решение со кое го уважи предлогот и на обвинетиот Никола Груевски му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање, односно лишување од слобода.

-Кривичниот совет при овој суд постапуваше по предлогот и го донесе горе наведеното решение по добиениот допис од претседателот на Собранието на Р.Македонија, кој во судот е примен денеска, а со кој се известува советот дека врз основа на Извештајот на Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашања, Собранието на Р.Македонија, согласно член 54 ст. 1 од од Деловникот на Собранието на Р.Македонија го одобрило барањето на кривичниот совет  при овој суд за одобрување на мерка притвор против Н.Г., пратеник во Собранието на Р.Македонија, наведуваат од Основен суд Скопје 1.

Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 24 часа до Апелацискиот суд – Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селфи со плакатите на Никола Груевски во Унгарија нов хит меѓу Македонците

Сопругата на Јанакиески: Донесете го Груевски и нека одговара за неговото бегство, а не заради него во притвор да лежат недолжни луѓе

Обвинителката Русковска не открива многу детали, но вели дека се собрани дел од доказите за бегството на Груевски

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа четири лица од Ковид-19, едно од нив надвор од болница

Редакција

(Галерија) Семејството Заеви дадоа поддршка на модната ревија на децата со попреченост

Редакција

Драган Наков, Сашо Наков и Јелена Наков избрани за членови на Одборот на директори на Хотели Метропол

Редакција