еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Избори 22 дена по крајот на вонредната состојба, но енигма е колку таа ќе трае

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по денешната средба на претседателите на партиите кај претседателот на државата Стево Пендаровски, рече дека за време на разговорите биле проектирани одредени датуми за одржување на парламентарните избори, во зависност од тоа дали и за колку време би се продолжила вонредната состојба.

Според него, сите се согласиле дека избори треба да има 22 дена по укинување на вонредната состојбата.

Заев кажа дека било договорено Владата да побара попрецизни одговори од ОБСЕ/ОДИХР кога и колкава мисија би можела да прати во земјата и од Комисијата за заразни болести да димензионира протоколи за однесување имајќи предвид дека митинзи нема да може да има, дали може да се оди од врата на врата и слично.

Претседателот на државата, според него, треба да одржи состанок со членовите на Државната изборна комисија (ДИК) за точните термини, како што кажа, „од – до проектирани за потенцијален датум за избори“.

„Водењето грижа за здравјето на граѓаните е ако навистина ги ставиме во функција сите институции. Во РСМ, Парламентот е нефункционален кај нас“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ истакна дека опозицијата денеска не била спремна да разговара за датум и дека купува време. Сепак, верува дека на почетокот на наредната недела би  можело да биде постигнат договор за датум за избори.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Партиските лидери не договорија датум за изборите, нова средба следната недела

(ВИДЕО) На партиските лидери пред да влезат кај Пендаровски им мереа температура

Кој доби покана за лидерската средба утре кај претседателот Стево Пендаровски?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемување: Дури 460.300 македонски граѓани живеат во сиромаштија

Редакција

Внимателно и денеска на планина: Полицајци со ратрак евакуирале неколку млади од Попова Шапка

Редакција

(ФОТО) Струга нема да остане „црна овца“, вели Мерко по започнување на рушењето на платформите на езерото

Редакција