еМагазин
Image default
Македонија

Избори или промена на Уставот: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ блиску или далеку до договор?

Вчерашниот старт на расправата за уставните измени во Собранието, предложени од Владата, а кои се предвидени со договорот за името со Грција, не даде јасен одговор дали СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договориле за истите или дека таков договор нема.

Забуна внесе образложението за предложените уставни измени од страна на премиерот Зоран Заев, кој повика на помирување и простување за насилството во Собранието од 27. април, што според дел од јавноста беше претумачено како скриена порака дека е постигнат договор со ВМРО-ДПМНЕ во замена за амнестија за обвинетите за случајот.

Ништо ново не слушнавме од говорите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ни од тие на СДСМ и ДУИ, а изненадување беше најавата на независниот пратеник Ферид Мухиќ, дека се предомислил и дека сега ќе гласа за уставните измени.

Дали ќе има и нови изненадувања во овој правец останува да видиме.

Во политичките кругови се уште се присутни бројни шпекулации дека во позадина се „коват“ некои други сценарија.

Расправата продолжува денеска, па за очекување е дека работите ќе станат појасни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ферид Мухиќ, се предомисли: Ќе гласам „за“ уставните измени

(ВИДЕО) Простување или амнестија: Кој го разбра Заев што сака да каже?

Твитерџиите гневни на предлогот на Заев за помирување: Онаа багра не влезе во куќата на Заев, туку во моето Собрание

Заев повика на помирување за 27 април и ги повика пратениците да гласаат за уставните измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали за бизарниот случај во Струмица: Полицијата ги бара „крадците“ на мртовецот

Редакција

4 лица биле на возраст од 30 до 49 години: Минатата недела 97 лица починале од Ковид-19

Редакција

(Фото) Тимот на ИРЛ добитник на наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија

Редакција