еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Избори се ближат, „бомби“ се нижат

Вчера на Јутјуб каналот Bosko Buha, еден ден по објавувањето на аудио снимки за лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се појавија исто така четири „бомби“ и за лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Аудио) Четири “бомби“ и за Заев

Во нив Заев со соговорник зборува за Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Орце Камчев, Зекир Бекири Чауш, ВМРО-ДПМНЕ, Сорос…

По нивното објавување следеше потврда за автентичност и саркастична изјава на Заев, а во исти стил реагираа и од неговата партија од каде порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ му прави промоција на нивниот лидер.

Аудио снимки за Мицкоски и осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец, беа објавени на Јутјуб каналот Facts and Figures.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(АУДИО) Објавени „бомби“ за Мицкоски и Кичеец

На снимките двајцата, разговараат за соработка за изборите во Западна Македонија и се направени пред претседателските избори во април лани, кога и се одржаа локални избори во Охрид.

И двајцата ја потврдија автентичноста на снимките, а Мицкоски за објавувањето на „бомбите“ рече дека тоа е потег на очај и деликатна емотивна состојба на Заев.

Во вкупно осумтте аудио снимки за Заев и Мицкоски, јавноста не слушна индиции за кримнал, што најверојатно не ни била целта на објавувачите, туку од авион се гледа дека идејата е да се оцрни противникот.

Тоа што последните денови има зголемување на бројот на заболени од коронавирусот во Македонија, по се изгледа не ги засега политичарите, кои веќе длабоко се влезени во предизборна кампања, иако се уште нема договор за избори.

И „бомбите“ не се веќе тоа што беа, па такви се и реакциите на граѓаните, кои имаат нови проблеми поради пандемијата со вирусот, па и за очекување е да не бидат заинтересирани за овие ефтини трикови на политичарите.

И така одамна сите веќе знаеме кој е кој во македонската политика. Не ни требаат „бомби“ за тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимките за Мицкоски најава дека ќе се пукаат „бомби“ на сите страни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За амортизирање на ударот од корона вирусот: Државата да се задолжи, банките да понесат дел од товарот

Редакција

Убава вест: Оздравени 23 пациенти од Ковид-19

Редакција

Следи ново вето за Македонија, ЕУ била „фрустрирана“ поради бугарската блокада која ја кочи и Албанија

Редакција