еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Избори: Се гласа за прв претседател на Северна Македонија, петти на државата

Република Северна Македонија денеска го избира првиот претседател, а државата петтиот по ред.

Утринава во 7 часот се отворени гласачките места.

На претседателските избори, чиј прв круг се одржува денеска, ќе може да гласаат 1.808.131 избирач.

Денешните шести по ред претседателски избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во Републикава.

Според член 81 од Уставот, победа во првиот круг за некој од тројцата кандидати – Блерим Река, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски – може да им донесе мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови за кандидатот.

Доколку не се случи изборот да биде завршен во првиот круг, што е речиси неверојатно да се случи, како што покажуваат анкетите, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг

Според член 121, став 3 од Изборниот законик, во вториот круг победува кандидатот што добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка, вели член 122 од Изборниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И Фејсбук на вашите профили ќе Ве потсети дека е ден за гласање

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте бројот на заразен медицински персонал во струмичката болница

Редакција

Се жалеле на правото на етничко самоопределување: Претставници на бугарските клубови од Македонија, сослушани во бугарска собраниска комисија

Редакција

Ванчо Ѓоргиев од заедничката Комисија со Бугарија не поднел формално оставка, Османи одлучил да го прекине договорот

Редакција