еМагазин
Image default
Балкан

Избори во Србија во јуни, вонредната состојба ќе биде укината на 6 мај

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека вонредната состојба ќе биде укината на 6 мај, на Ѓурѓовден, и дека изборите во Србија ќе се одржат на 14 или 21 јуни.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ, гостувајќи синоќа на ТВ Пинк, изјави дека одлуката за укинување на вонредната состојба во среда ќе се најде пред пратениците на Народното собрани, а во четврток ќе стапи на сила, со што нема повеќе да има полициски час.

Тој оцени дека се исполнети условите за укинување на вонредната состојба кои беа поставени од епидемиолозите – седум дена по ред број на позитивни на вирусот во Србија да е под пет проценти од тестираните и да се намали бројот на лица на респиратори.

– Секако дека на луѓето им беше тешко, кому тоа му е убаво, тоа беше единствен начин да се сочуваат луѓето и мислам дека во најголем дел успеавме во тоа, кажа Вучиќ.

Српскиот претседател оцени дека коронавирусот, како и во сите држави, предизвикал сериозни економски последици и повтори дека Србија ќе биде најдобра во Европа по економските резултати и дека не сака да доцни во споредба со другите земји со економското закрепнување.

Во врска со одложените избори поради епидемијата, кои требаа да се одржат на 26 април, Вучиќ кажа дека има два датуми за изборите – 14 или 21 јуни, под услов вонредната состојба да биде укината во четврток.

Според него, датумот на изборите ќе биде одреден по консултација со партиите кои сакаат да излезат на избори.

– Ако сакаме да добиеме дополнителни шест дена, можеме да одиме на 21 јуни, а јас сум подготвен и за 14-ти, кажа Вучиќ.

Во врска со протестите во српските градови преку „бучавата со тенџериња“, која и синоќа по шести ден се одржа, Вучиќ, порача дека не е погоден од протестите, додавајќи дека е важно „тенџерињата и садовите да бидат што е можно повеќе полни со храна, а платите и пензиите сѐ поголеми“.

– Проблем се (опозиционите актери) кои со своето неодговорно политичко однесување (скренаа) нешто што требаше да биде најдобриот дел од борбата против вирсуот, а тоа е работата на (медицински работници), кажа Вучиќ, молејќи ги притоа поддржувачите на власта „да не користат факели и да го почитуваат полицискиот час“.

МИА/Фото: Фејсбук/Вучиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За летување во Грција освен здравствена потврда, можни и меѓудржавни договори, за да матичната земја одговара за туристот

Чини 190 евра: Од денеска тестирање за коронавирусот на аеродромот во Виена за да се избегне карантин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мистерија кој отстранил и уништил 105 гранични столбови, некои високи и до еден метар на грчко-македонската граница

Редакција

Бугарија ја продолжува вонредната состoјба поради разгорувањето на корона вирусот

Редакција

17 починати и 695 лица заразени со коронавирусот во Грција

Редакција