еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изборите ќе се одложат, дополнително ќе се утврди датум за одржување

Лидерите на политичките парти на денешната средба кај претседателот Стево Пендаровски се согласија дека треба да бидат одложени парламентраните избори на 12 април.

Приоритет во актуелната ситуација со коронавирусот треба да бидат животите и здравјето на граѓаните, заклучиле партиските преставници.

На средбата присуствуваа лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето БЕСА, Билал Касами. Во име на ДУИ на состанокот присуствуваат Бујар Османи и Изет Меџити, а од ДПА учествуваа Орхан Ибраими и Фримзим Даути.

На средбата присуствуваа и претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот на Владата, Оливер Спасовски.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата соопшти дека побарале прогласување на вонредна состојба, одложување на изборите и преземање економски мерки за помош на стопанството и граѓаните.

„На средбата го споделивме ставот дека нема услови за спроведување на изборите и како одговорни политичари, сите наши капацитети и ресурси ги ставаме во функција за заштита на граѓаните во борба притив коронавирусот.

Согласно анализите и проекциите за економските последици, подготвуваме сет на економски мерки за помош на стопанството, фирмите и граѓаните“, истакна Заев по лидерската.

Информираше дека на лидерите и на претседателот им укажал на потребата за воведување воредна состојба за да може пефикасно да се донесат мерки за здравствената состојба на граѓаните, но и за економските мерки за помош на стопанството и граѓаните.

Заев се заблагодари на сите кои учествуваат во борбата против вирусот, како што се МВР, Армијата и службите и апелираше сериозно да се сфати ситуацијата и доследно да се почитуваат мерките и препораките од Владата.

„На сите ни стана јасно колку е сериозна оваа здравствена криза предизвикана од коронавирусот. Важно е сите граѓани, институциите и политичките партии да останат посветени на заштитата од натамошното ширење на заразата кое најдобро се постигнува со почитување на мерките“, порача лидерот на СДСМ.

Заев рече дека очекува по средбата на Пендаровски со експертите да најдат правни лекови за одложување на изборите и за повторно закажување.

Едногласно, сите одлучивме дека нема услови за избори на 12 април. Нов датум за нивно организирање не е утврден, тоа ќе треба да го проценат и кажат правни експерти, изјави претседателот на Движењето Беса, Билал Касами по лидерската средба.

Според него, како и според сите останати лидери присутни на средбата кај претседателот Пендаровски, здравјето на граѓаните во овој момент е најбитно.

„Решивме да се најде механизам за одложување на изборите. Под покровителство на претседателот на државата ќе се повикаат правни експерти кои ќе најдат решение како да се прекинат роковите за изборите и како да се соочиме подобро со оваа состојба. Нема датум кога да се одржат изборите, зашто станува збор за многу комплицирана ситуација. Не знаеме во која фаза е ширењето на коронавирусот“, истакна Касами.

Информира и дека веднаш по лидерската средба, кај Пендаровски ќе има консултации со правни експерти. Освен за одложување на изборите, ќе се разговара и за евентуално воспоставување кризна или вонредна состоба во државата.

„Оценивме дека сите, и партиите и институциите, треба да се обединиме околу кризата и посакуваме што поскоро да излеземе од неа и да се вратиме во нормала“, дополни Касами.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека едногласна била одлуката на лидерите на политичките партии дека здравјето и безбедноста на граѓаните се пред се и оти е неопходно да се одложат претстојните параламментарни избори што беа закажани за 12 април.

Според него, останува да се најде правен начин како тие да се одложат без да се повредат Уставот и законите, а за тоа, рече, правни експерти попладне ќе се состанат со претседателот Стево Пендаровски и ќе дадат мислење. Тој смета дека нема правен основ да се свика повторно Собранието и оти затоа треба да се бараат други начини.

„На средбата имаше неуставни предлози да се свика Собранието повикувајќи се на некои минати искуства, но од наша страна беше аргументирано дека тие искуства со ова што денеска е реалност во Македонија не може да се споредат. Ситуацијата и состојбата не се исти и не само тоа. Тогаш одлуката што ја носеше Собранието беше со одложено дејство и поради таа причина тогашниот Уставен суд донесе одлука бидејќи не познава Уставот одлука со одложено дејство, туку донесена или недонесена одлука и затоа Собранието мораше двапати да се враќа“, рече Мицкоски по лидерската средба што се одржа кај шефот на државата.

Тој додаде дека заради тоа ставот на партијата е дека по овој состанок е потребно експерти по уставо право да најдат правен фундамент за одлука која ќе овозможи одложување на предвремените парламентарни избори.

Во врска со начините за справување со ширењето на коронавирусот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата смета оти не е потребно во моментов да се прогласува вонредна состојба, особено, затоа што, како што рече, иако е предвидена во Устав нема закон кои институции како би функционирале.

Затоа, смета тој, треба да се размислува за 30 дневна кризна состојба на целата ситуација, а дури потоа експертските да дадат мислење и да се прогласи вовредна ситуација, која во услови на распуштено собрание би ја донел претседателот Пендаровски. За кризна состојба, вели има Закон за управување со кризи согласно кој можат да се одвиваат сите активности.

Мицкоски истакна дека како партија остануваат проактивни и ќе дадат придонес во справувањето со сотојбата на ширење на коронавирусот. Треба рече тој да се размислува и за економски мерки кои колку толку ќе помогнат во санирање на штетите во економијата што ќе ги предизвика ширењето  на коронавирусот.

МИА/Фото:Фејсбук/Пендаровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДПА ја напушти лидерската средба за одржувањето на изборите, одлуките биле однапред донесени

Ахмети: Би прифатиле одложување на изборите заради коронавирусот

Заев: Ќе побараме одложување на изборите

Мицкоски на Фејсбук повика на одложување на изборите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре и во понеделник пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција

Бугарската делегација предводена од премиерот Петков, пристигна во Скопје

Редакција

Владата ќе одлучува за ковид-препораките на Комисијата за заразни болести на наредната седница

Редакција