еМагазин
Image default
Македонија

Изборите остануваат во „игра“, се уште се преговара за Законот за јавно обвинителство

За Законот за јавно обвинителство се преговара и во моментот кога сите елементи ќе бидат исполнети тој ќе се најде на гласање, изјави денеска потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска.

Таа додаде дека изборите остануваат за на 12. април.

„Секое одложување и замајување на јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ со одложување на главни закони и можност за нивно гласање, ќе донесе само до подолго функционирање на Парламентот, но самите избори ќе останат на 12 април,“ рече Царовска.

На прашањето дали имаат обезбедно доволен број на пратеници за Законот за јавно обвинителство, потпретседателката на СДСМ додаде дека, во моментот кога ќе се стави на гласање ќе се знае бројот на пратеници кои застанале, како што рече „зад државата и веруваат дека оваа држава треба да се движи напред.“

Оценувајќи ја новата методолигија, евроамбасадорот Самеул Жбогар вчера порача дека добро е за државата да го донесе Законот за ЈО иако Европската комисија не го стави како услов.

„Примарно е за граѓаните, за да веруваат во правдата дека нема неказнивост за криминалот. Важно е и за неколку земји-членки кои сакаат да видат демонстрација за посветеност кон владеењето на правото. И на крајот, затоа што сакаме да видиме демонстрација на промена во начинот на размислување,“ рече Жбогар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Северна Македонија и Грузија воспоставија дипломатски односи

Редакција

Вкупно 354 заболени од корона вирусот: Потврдени нови 25 случаи, по седум во Скопје и Куманово

Редакција

На косовските државјани освен ПЦР тест за влез и транзит низ Македонија ќе им се бара и медицинска потврда

Редакција