еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе има и митинзи и посети од врата на врата, а ќе гласаме со маски, готов е протоколот за изборите

Комисијата за заразни болести го утврди протоколот на кој начин да се одржат активностите на партиите за време на изборниот процес во услови на присуство на корона вирусот, како и за денот на гласањето, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Овој протокол произлегува од генералните препораки кои се на сила, односно носење на заштитна опрема и почитување на физичко растојание од 1,5 до 2 метри.

– Во однос на предизборната кампања, согласно препораките на Комисијата, одржувањето на сите активности на партиите треба да се одвиваат исклучително со почитување на дистанца од два метри, задолжително носење на маска или друга заштитна опрема.

И на отворено и на затворено, потребно е да се почитува растојанието од 1,5 до 2 метри и носење на заштитна опрема, рече Филипче.

Согласно големината на просторот каде што се одвиваат активностите треба да биде и бројот на учесници, а местото треба да биде озвучено за луѓето да не се туркаат.

Во однос на кампањата од врата на врата, потребно е да се носи заштитна опрема, да се почитува растојанието и тоа да не се одвива внатре во домаќинствата.

Партиските активности, препорачано е да се држат на отворено или најмногу два часа на затворено, по што треба да следи дезинфекција на просторот и проветрување.

– Активистите на штанд треба да држат растојание и да бидат со заштитна опрема. Во однос на организирање на превоз од страна на партиите за партиски цели, капацитетот треба да биде исполнет 50 проценти и сите во возилата да носат заштитна опрема, додаде Филипче.

На денот на изборите, членовите на гласачките одбори треба да држат растојание од два метри, или доколку тоа не е возможно, треба да носат заштитни маски и ракавици. Во просторијата каде што се гласа потребно е да има само толку гласачи колку што има паравани за гласање.

Гласачите треба да чекаат надвор на растојание од два метри, при што кога влегуваат, треба рацете да ги дезинфицираат, кратко да ја извадат маската за идентификација по лична карта, и кога ќе завршат со гласање, повторно да се дезинфицираат.

Комисијата за заразни болести го изготви овој протокол на барање на политичките партии кои на лидерската средба заклучија дека здравјето на граѓаните е над сè, и затоа побараа да се утврди начинот на кој ќе се одвива изборниот процес во услови на корона вирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двесетина лица се заразиле со коронавирусот на семејниот настан во Скопје

Убава вест: Уште 6 пациенти излекувани од коронавирусот, вкупно 1.235

Нови 29 случаи на заразени со коронавирусот во Македонија, вкупно 1.723

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе од милион починати од Ковид-19 во светот

Редакција

Дури 42% од македонските граѓани би се иселиле од државата, покажува анкетата на Галуп

Редакција

Профит од 117 милиони евра: Сите банки работеле со добивка

Редакција