еМагазин
Image default
Бизнис

Избран новиот Одбор на директори на „Окта“: Кои се членовите?

Собранието на акционери на „Окта“ АД – Скопје на својата 30-та седница одржана на 02.06.2020 година донесе одлука за избор на членови на Одборот на директори, пишува во одлуката објавена преку Македонската берза.

„Како резултат на оставките поднесени до Одборот на директори од страна на следните лица: Ефстатхиос Гривас, чиј мандат како член на Одборот на директори престана на ден, 23.10.2019 година, Георгиос Верверис, чиј мандат како член на Одборот на директори престана на ден 29.10.2019 година, Иоаннис Героуланос, чиј мандат како член на Одборот на директори престана на ден 31.12.2019 година, Константинос Мадемлис, чиј мандат ќе престане со изборот на нов член на Одборот на директори и Александрос Паргинос, чиј мандат ќе престане со изборот на нов член на Одборот на директори, Собранието ги избира следните лица за членови на Одборот на директори:

Дионисиос Роутсис, хемиски инженер, актуелен вршител на должноста член на Одборот, како независен член, Василиос Багиокос, рударски инженер/магистер по бизнис администрација, актуелен вршител на должноста член на Одборот, како независен член, Вук Радовиќ, машински инженер, актуелен вршител на должноста член на Одборот, Спиридон Гкикас, дипломиран економист по сметководство и финансии/магистер по применета економија и финансии/магистер по бизнис администрација/дипломиран хемиски инженер/магистер по интегриран дизајн на хемиски централи и Панос Схиатис, дипломиран економист по сметководство и финансии/ACCA Fellow“, пишува во одлуката.

Мандатот на сите е во траење од шест години сметано од 02.06.2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Пуцко петрол“ бара место во Одборот на директори на „Окта“

„Окта“ со загуба од 4,7 милиони евра за три месеци

„Окта“ ја тужи Царинската управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски Телеком“ оствари добивка од 1,1 милијарда денари за девет месеци

Редакција

Оилко откупи сопствени акции

Редакција

Просечната нето-плата во декември изнесувала 28.294 денари

Редакција