еМагазин
Image default
Локално

Во пожар во гаражата на Основниот суд во Струмица изгоре новиот автомобил на судот

Пожарот што избувна во гаражата на Основниот суд во Струмица целосно е изгаснат во 16 часот, а во неговото гаснење учествувале 14 пожарникари со четири возила.

Во пожарот целосно изгорел новиот автомобил на Основниот суд во Струмица, а уште еден, кој бил паркиран во неспоредна близина, бил опожарен.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, во гаражата се чувал запленет пиротехнички материјал и други предмети од правосилни пресуди. Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид и во насока на утврдување на причините за пожарот, издадена е наредба за прибирање на траги од лице место, како и за прегледување на снимките од видео надзорот над објектот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем пожар во струшко: Изгореа куќа и четири плевни

Редакција

Осуденици ќе извршуваат општокорисна работа во јавните претпријатија на Град Скопје

Редакција

Приватните превозници ги прекинаа блокадите, чекаат средба со премиерот

Редакција