еМагазин
Image default
Локално

Изгаснат пожарот во Кисела Вода во кој гореа три стана

Локализиран е пожарот во Кисела Вода во кој беа опожарени три стана од кои еден целосно. При гаснењето повредени се тројца пожарникари од кои двајца вдишале чад, а еден има повреда на раката.

Интервенцијата траеше два и пол часа си во неа учествуваа 11 противпожарни возила.

-Ситуацијата е под контрола, спасени се сите граѓани што беа на шести и на седми кат, спуштени се сите долу и сите се во добра состојба. Имаме тројца повредени пожарникари, едниот има изгореници на десната рака, задржан е на Скопските клиники, а другите двајца пожарникари вдишиле чад затоа што немало доволно воздух за да се отворат прозорците. Сега засега се е под контрола, горе нема никој, изјави командирот на Противпожарната единица Владимир Симоновски.

Според него, се уште не е утврдено која е причината за пожарот, но според првичните сознанија изгледа настанал од кујната.

-Најверојатно пожарот настанал од електрична инсталација или од нешто слично. Од топлината е пробиен и спротивниот стан од другата страна. Имаше тежок пристап внатре во влезот и беа зафатени два други стана од пожарот. Во становите имаше седум луѓе, меѓу кои две дечиња, а другите повозрасни и сите се во одлична состојба.

Последната жена што е спуштена имала проблеми со дишење, но сега е на лекарства и е во добра состојба. До вечер граѓаните ќе можат да си влезат во становите, влезот е слободен, посочи Симоновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пожарот во скопската населба Кисела Вода, 9 пациенти хоспитализирани на Клиниката за токсикологија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На „Богородица“ се чека од 30 до 45 минути за излез од државата

Редакција

Јавното обвинителство отвори предмет за момчето прободено со нож во Кавадарци

Редакција

(Видео) Пожар кај Богданци, огнот поминал и низ дел од ветерниците

Редакција