еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Изгласани законите: Граѓаните „куртулија“ од извршителите, студентите ќе добиваат субвенциониран оброк

Со 65 гласа „за“ и еден „воздржан“ денеска во македонското Собрание е изгласан Законот за отпис на камати и репрограмирање долгови и трошоци на физички лица, по скратена постапка, како и Законот за субвенциониран студентски оброк.

Со Законот за отпис на камати и репрограмирање долгови и трошоци на физички лица се очекува надминување на проблемот на граѓаните со старите судски извршни предмети генерирани заради лошиот трансфер во 2011 година од судовите на извршителите и нотарите, како и со предметите дадени за извршување за наплата на долгови заклучно со 31.12.2017 година кои заради високите камати во долготрајните постапки во голема мера оптоварија огромен број на граѓани.

Во него, се предвидува обврска за репрограмирање на долговите на граѓаните ослободени од каматите и можност за нивно одложено отплаќање на рати, со цел полесно да се справат со своите долгови.

Една од најважните одредби од законот е што извршителите мора веднаш да ги прекинат сите започнати постапки по овој основ.

Со Законот за субвенциониран студентски оброк се предвидуваат по 120 денари или 2.400 месечно за секој студент за здрав студентски оброк.

„Поаѓајќи од концептот за субвенциониран студентски оброк кој со години веќе се имплементира во Словенија, во законот предвидовме право на студентите за значително пониска цена да можат да се хранат во рестораните коишто ќе потпишат договор со Министерството за образование и наука за субвенционирање на студентскиот оброк,“ велат од ЛДП кои го предложија овој закон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Бујар Османи стана и „инспектор“ за употребата на албанскиот јазик

Редакција

(ВИДЕО) Светозар Јаневски, Штерјо Наков… Кои македонски бизнисмени дојдоа на Бизнис форумот со грчките колеги

Редакција

„Да ставиме и македонско знаме? Ма не мора само Вие гласајте„ : Твитер се „вжешти“ за посетата на Пендаровски на Мала Речица

Редакција