еМагазин
Image default
Локално

Изгорено машко тело пронајдено по пожар во импровизирана барака во Тетово

Изгорено машко тело е најдено во остатоците од импровизирана барака што изгоре ноќеска во близина на спортската сала на тетовскиот спортски центар, информира денеска СВР Тетово.

Пожарот во тетовската Пожарна е пријавен ноќеска околу 3 часот, а подоцна и полицијата добила повик за настанот.

„Пријавен е пожар во импровизирана барака на улицата „Љубо Божиновски-Пиш“ кај спортската сала. Бараката е целосно изгорена, а при тоа е најдено безживотно изгорено машко тело. Увид на местото направиле претставници на Јавното обвинителство, СВР Тетово и Судска Медицина. По наредба на обвнителот телото е предадено за обдукција и идентификација во Институтот за судска медицина во Скопје“, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Истрагата продолжува со мерки со кои ќе се откријат причините и околностите за настанување на пожарот, информираат од тетовската полиција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет и пол години казна затвор за возачот кој лани на штипскиот булевар прегази средношколец

Редакција

Владата им препорача на државните институции и компании да донираат средства за обнова на „Глобал“

Редакција

Моторџија од Англија тешко повреден во Маврово

Редакција