еМагазин
Image default
Македонија

Изготвен предлог-законот за амнестија: Што содржи?

Подгрупата за помирување во Собранието изготви предлог-закон за амнестија што денеска ќе биде доставен до копретседавачите на Комисијата, за тој што побрзо да биде донесен.

Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи оваа продгрупа, изјави дека нејзините членови постигнале консензус по ова прашање. Според него, со предлог-законот нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27 април лани во Собранието.

-Сeкое лице опфатено со процесот ќе треба да поднесе барање за амнестија од понтамошната постапка. На овој начин сметаме дека процесот што треба да даде одговор за сето она што се случи на 27 април ќе продолжи и од таа страна ќе имаме правна завршница, правдата ќе си го најде местото, но секако и дел од лицата кои беа вклучени во настаните од 27 април ќе добијат амнестија и на тој начин е направен првиот чекор кон релаксација на односите во општеството односно на одредени поделби кои излегоа после овој настан, посочи Рамчиловиќ.

Појасни дека во текстот јасно е дефинирано кои лица ќе бидат опфатени со процесот по завршување на доказната постапка.

-Лицето ако смета дека не му е потребно, дека сака завршни зборови. Да оставиме простор да си ја докаже својата улога, рече Рамчиловиќ.

Според него, најдени се правни формулации врз основа на постоечкото обвинение и врз основа на друг член „здружување заради непријателска дејност“ може да го продолжи процесот.

Засега нема ниту една правосилна пресуда за настаните од 27 април лани.

Се очекува Интерпарламентарната група за интеграција и помирување денеска да се состане и да го разгледа предлог законското решение за амнестија, што ќе се носи по скратена постапка. Најави детали за законскиот текст по седницата на Интерпарламентарната група, што беше формирана на иницијатива на премиерот Зоран Заев и независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ составена од пратениците кои поддржаа пристапување кон уставни измени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново рочиште за „Тендери“ на 20 ноември, ќе бидат сослушани тројца сведоци

Редакција

Груевски останува пратеник: Собранието не му го одзеде мандатот

Редакција

Видео од апсењето на седумте македонски државјани кои учестувале во војните во Ирак и Сирија

Редакција