еМагазин
Image default
Бизнис

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид е реализирана 55 проценти

Следната година се очекува интензивирање на активностите на автопатот Кичево-Охрид и тој да биде готов во предвидениот рок до јуни 2021 година.
Сите наследени проблеми на овој автопат се надминати а изгласан е и третиот анекс на договорот за дополнителни 190 милиони евра, велат од Министерството за транспорт и врски.
– Има околу 54-55 проценти реализација досега, но она што е поважно е дека се надминати сите наследени проблеми со тунелот, свлечиштата, клучките и алтернативните патишта. Тоа го надминавме во изминатиот период, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Потсети дека во тек е и проектирањето на првата делница од новиот автопат од Кичево до Гостивар.
За втората делница од Букојчани до Горна Ѓоновица и за третата делница Горна Ѓоновица – Гостивар ќе се обезбедат средства од ЕУ за проектирање.
МИА/Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бруто надворешниот долг на крајот на третиот квартал лани изнесувал 11.072 милионa евра

Редакција

Јавниот долг на крајот од минатата година 5,2 милијарди евра, државниот долг 4,3 милијарди евра

Редакција

Британци со компјутерска измама украле над 400 илјади евра од македонска фирма

Редакција