еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Излез од Македонија само преку ГП Деве Баир и ГП Аеродром Скопје

Граѓаните за излез од државата можат да го користат граничниот премин кон Бугарија – Деве Баир, без ограничувања, како и граничниот премин Аеродром Скопје, информира МВР.

– Нашите граѓани можат да остварат влез во Република Северна Македонија само на граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и Аеродром Скопје.

Странските државјани кои доаѓаат од високо и средноризични земји не можат да остварат влезат на ниту еден граничен премин, односно нивниот влез е забранет.

Воедно, Министерството за внатрешни работи е активно вклучено во спровод и конвој на заглавените товарни возила во меѓуграничниот простор, соопшти МВР.

Оттаму посочуваат дека МВР во изминатиот период асистираше на Државниот пазарен инспекторат во спроведување на одлуката на Владата за затворање на угостителските објекти и додаваат дека таквата асистенција ќе продолжи и во следниот период.

Во таа насока, во текот на вчерашното попладне, СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат презеде мерки за затворање на седум локали во северниот дел од Скопје кои не ја почитуваат одлуката на Владата….

Упатуваме апел до сите граѓани строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (Ковид-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.

Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, порачуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на заразени со корона вирусот во Грција се искачи на 352 лица

Македонската берза се „штити“ од корона вирусот: Од утре се менуваат ценовните ограничувања при тргувањето

Поради корона вирусот германската Амбасада времено ги затвора конзуларното и визното одделение

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

650 илјади евра од продажба на одземен имот префрлени во државниот буџет

Редакција

239 здравствени работници заболени со коронавирусот во Македонија, оздравени 199

Редакција

Уставните измени се разгледуваат во Правда, ќе се преведат на албански и ќе бидат пратени до Влада

Редакција