еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Излезе од печат „10 минути и 38 секунди“ од Елиф Шафак

Издавачки центар ТРИ со задоволство ве информира дека излезе од печат „10 минути и 38 секунди во овој чуден свет“, новиот роман на Елиф Шафак, најмоќниот женски глас на светската книжевна сцена.

Елиф Шафак отсекогаш умеела преку сложеното ткаење на возбудливи приказни да пренесува важни мисли за љубовта, верата, културата, слободата на изразување, феминизмот и улогата на жената во светот.

Нејзиното најново дело „10 минути и 38 секунди“ има сѐ што може да очекуваме од Шафак – интригантност, посебен вид пријателство и сложен внатрешен живот на женските ликови по кои е одамна препознатлива.

Последните десет минути од животот на убиената проститутка Леила Текила се пренесени во сензуална приказна за една малтретирана но многу храбра жена, која останува човечна и покрај тоа што животот ја изневерувал на секој чекор.

Секоја минута по нејзината смрт ѝ навраќа спомени: семејната тајна за нејзиното раѓање, детството во мирното турско гратче, бегството во Истанбул… А секој спомен ја потсетува и на пријателите што ги запознала во клучните мигови од својот живот.

Елиф Шафак е повеќекратно наградувана британско-турска авторка и една од најчитаните писатели во Турција, која пишува за политичките и сексуалните табуа на нашето време. Нејзините дела се преведени на педесетина јазици, а на македонски може да се прочитаат „Копилето од Истанбул“, „Четириесет правила на љубовта“, „Чест“, „Чиракот на архитектот“, „Трите ќерки на Ева“, и сега најновиот роман „10 минути и 38 секунди“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средношколци трансформираа инвалидска количка во електричен тротинет

Редакција

Со „Виз ер“ летале пет милиони патници од Македонија

Редакција

Почнува 14. ЕХО фестивал за планински филм

Редакција