еМагазин
Image default
Локално

Измама: Му зела 1.000 евра на гостиварец за да ја „вработи“ девојка му во државна институција

Гостиварц пријавил во полиција дека бил измамен од женско лице на кое ѝ дал пари за да помогне при вработување во државна институција.

Според СВР Тетово, Ј.М. (23) од Гостивар синоќа пријавил дека пред извесно време бил измамен од женско лице од Скопје. Гостиварецот преку социјалната мрежа Фејсбук, претходно се запознал контактирал, а таа му ветила дека ќе му помогне за вработување на неговата девојка. За таа услуга му побарала да плати илјада евра.

Тој, според пријавеното, се договорил и во Гостивар и платил една од договорените рати. Подоцна, скопјанката не се појавила на договорената средба во Скопје и не му се јавувала повеќе, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Змија се качи на велосипед во Дебар Маало

Редакција

Измамена кумановка, платила 810 евра за наводен паричен надоместок од државата

Редакција

Кривична пријава за директорка на Здравствен дом во Битола која вработувала кого сака

Редакција