еМагазин
Image default
Локално

Измама во Скопје: „Висок функционер во МВР“ му зел пари за предвремена пензија

Во Полициската станица Ѓорче Петров С.Т.(79) од Скопје пријавил дека во текот на месец јануари 2018 година преку негов пријател се запознал со лицето Х.Ф., кој се претставил дека е висок функционер во МВР, како и дека има блиски контакти со високи функционери од Владата, доведувајќи го во заблуда оштетениот дека ќе издејствува неговата сопруга пред време да земе пензија, информира МВР.

Сторителот во два наврати за истото земал од С.Т. 76,000 денари. Откако оштетениот извршил проверки во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, видел дека барање за пензија на неговата сопруга не е поднесено и сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчитување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во катната гаража кај ТЦ „Буњаковец“ оштетени 18 возила, приведено едно лице

Редакција

Во Гевгелија регистриран еден новозаболен од корона вирусот

Редакција

(Фото) Невреме во Неготино, дел од улиците поплавени

Редакција