еМагазин
Image default
Локално

Измама во Тетово: Полициски советник му зел 5.000 евра за да ја „вработи“ ќерката

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.С.(56) од Тетово, самостоен советник за правни работи и управување со човечки ресурси во Одделение за заеднички работи при СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“, информира МВР.

„Во текот на 2017, пријавениот му ветил на Н.З.(54) од Гостивар дека може да ја вработи неговата ќерка и му побарал пари за услугата. Н.З. му дал 5.000 евра, но до пријавување на настанот тоа не се случило. Полициски службеници извршиле разговор со пријавениот, при што тој кажал дека ги земал паричните средства на заем од оштетениот, кои му биле потребни за реновирање на домот и долгот од 5.000 евра му го вратил во текот на август 2018, со писмена изјава заверена на нотар, преку лицето А.А.. По преземени мерки бил пронајден А.А. и тој посочил дека парите ги дал на синот на пријавителот“, информира МВР.

Според негово кажување, во текот на ноември 2019 се сретнале со оштетениот пред СВР Тетово, каде дошол и пријавениот и понудил дополнителни парични средства во износ од 8.000 евра за да не му наштетат на неговиот углед, но тие не прифатиле и настанот го пријавиле во СВР Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсен битолчaнeц кој ја претепал сопругата

Редакција

Загина 42-годишен мотоциклист на автопатот Скопје-Велес

Редакција

Радовишанец нападнал полицајци во Полициска станица

Редакција