еМагазин
Image default
Локално

Измамен Охриѓанец: Дал капар од милиони денари за куќа во Германија што никогаш не ја видел

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(43) од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, информира МВР.

Пријавениот го сторил делото на 16.11.2017 година при средба со С.Ј.(52) од Охрид со привремено престојувалиште во Германија. Пријавениот го довел во заблуда оштетениот С.Ј. ветувајќи му дека може да му изгради куќа во Германија.

Притоа, со писмена изјава, тој примил 5.000 евра капар, а по извесно време и дополнителна сума на пари. Минатиот месец, кога оштетениот се вратил во Охрид се обидел да се сретне со сега пријавениот, по што сфатил дека е измамен. Со извршувањето на делото, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.230.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкохолизиран скопјанец направил хаос во спoртска обложувалница

Редакција

(Фото) МВР одзеде четири мотоцикли од „диви тркачи“ во Скопје

Редакција

(Галерија) Снежна бајка на Попова Шапка

Редакција