еМагазин
Image default
Локално

Изменет сообраќаен режим за време на „Бела ноќ“

На 05.10.2019 (сабота) со почеток од 19.00 часот, во организација на ЈУ Универзална сала Скопје, ќе се одржи традиционалната манифестација „Бела ноќ“, на платото пред Универзална сала, на булeварот „Партизански одреди“, на потегот од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт“ до крстосницата со ул.„Костурски херои“, во насока на движење кон центарот во Скопје, информира МВР.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Програма) В сабота 15. „Бела ноќ“ во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судар со полициско возило и пукање во филмска бркотница со дрвокрадци

Редакција

Пронајден починат кумановец кој беше пријавен за исчезнат

Редакција

Трагедија во кочанско: Изгоре маж во пожар што сам го предизвикал

Редакција