еМагазин
Image default
Македонија

Измени во законот: Правосудниот испит ќе се полага писмено и усно наместо електронски

Министерството за правда ќе го промени начинот на полагање на правосудниот испит. Подготвен е нов Закон за правосудниот испит кој Владата го усвои на вчерашната владина седница. Овој закон е уште еден од низата реформски закони во правосудството.

„Основната цел на овој закон е укинување на електронскиот начин на полагање на правосудниот испит и воведување на писмено и усно полагање на кандидатите пред стручна комисија, врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на нивните знаења.

Правосудниот испит ќе можат да го полагаат дипломирани правници кои имаат 300 кредити според европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС), кои работеле најмалку една година на правни работи во суд, јавно обвинителство, Државно правобранителство на Република Северна Македонија, кај Народен правобранител на Република Северна Македонија, адвокат, нотар или извршител.

Испитот ќе можат да го полагаат и дипломирани правници кои работеле најмалку две години на правни работи во други државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа, трговски друштва и други правни лица. Предвременото полагање на испитот ќе биде забрането“, соопштуваат од Министерство за правда.

Писмениот дел ќе се полага по предметите Кривично и Граѓанско право. Усниот дел ќе се полага по предметите Кривично право (кривично материјално и процесно право), Граѓанско право (граѓанско материјално и процесно право), Трговско право, Трудово право, Уставно уредување на Република Северна Македонија и Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи, организација на правосуден систем и управно право и судир на закони и меѓународна правна помош.

„Доколку предметот е составен од писмен и устен дел, кандидатот ќе мора прво да го положи писмениот дел за да пристапи кон полагање на усниот испит. На писмениот дел од испиот, пред кандидатот ќе се најде определен случај од практиката (архивиран судски предмет), кој ќе треба да го реши со примена на законските прописи од соодветната област.

На усниот испит по секој предмет кандидатите ќе одговараат на три прашања кои тие ќе ги извлечат од претходно подготвените прашања. На истиот ќе се оценува и способноста на кандидатот за усмено изразување.

Kандидатот се смета дека го положил испитот доколку во текот на една испитна година ги положи сите предмети. Доколку во текот на една испитна година не бидат положени сите предмети се смета дека кандидатот не го положил испитот и може да го започне полагањето по сите предмети одново наредната испитна сесија.

Правосудниот испит ќе може да се полага во февруарска, априлска, јунска, октомвриска и декемвриска испитна сесија““, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советник од кабинетот на министерот Наќе Чулев позитивен на корона вирусот

Редакција

Петресот за измена на Устав трае 10 дена, гласањето за уставните измени мора да се случи најдоцна денеска, вели Вељаноски

Редакција

Затвореници во затворот во Струга дилале кокаин низ цела Македонија

Редакција