еМагазин
Image default
Локално

Изнуда во Скопје: Му влегле дома, го истепале и му го зеле возилото

Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против М.Б.(29) и В.Ѓ.(28), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, казниво по член 258 од Кривичниот законик, информира МВР.

„Пријавените, на 14.01.2020 физички го нападнале З.С.(60) од Скопје, во неговиот дом, и му го одзеле неговото патничко возило „форд ескорт“. По преземени мерки лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а врз основа на судска наредба бил извршен и претрес во домот на М.Б.. Исто така, било пронајдено и возилото. Во присуство на јавен обвинител било извршено и препознавање на пријавените“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АХВ поднесе кривична пријава против сопственикот на ресторанот „Мир“

Редакција

Две девојки повредени по превртување на возило на автопатот Тетово-Скопје

Редакција

Загина возач на комбе во сообраќајка со автобусот во близина на Велес

Редакција