еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изолациски центри за сомнителни случаи од корона вирус ќе има и во Велес и Гостивар, ќе ги обезбедува полиција

По состанокот на Управувачкиот комитет на Центарот за управување со кризи, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека патниците кои ќе доаѓаат од критичните региони во Северна Италија ќе се упатуваат и пропуштаат само на неколку гранични премини Богородица, Блаце, Деве Баир, Табановце и Ќафасан со цел да биде што поконцентирана контролата.

Патниците кои денеска со два лета од Милано пристигнуваат во Скопје и во Охрид ќе бидат детално интервјуирани, прегледани и по потреба тестирани.

Освен на инфективното одделение во Штип, обезбедени се простори за изолација на патници кои треба да бидат мониторирани 14 дена, и во Велес и Гостивар, и истите ќе бидат обезбедувани од полицијата.

Филипче најави дека при Министерство за здравство ќе се формира Кризен штаб што ќе ги координира сите активности, секојдневно ќе одржува брифинзи за најновите информации од теренот.

Тестовите на тројцата Кинези кои денеска пристигнаа во земјава се негативни, но за секој случај, тие иако веќе биле во 14 дневен карантин, ќе останат во изолација уште две недели под мониторинг на македонските здравствени власти.

Утре Владата на седница ќе дискутира за одложување на сите организирани посети на Италија од страна на државните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превенција од коронавирусот: Маски за еднократна употреба, кои се најевтини, НЕМА

Корона вирусот може да затвори кумановски чевларски компании кои извезуваат во Северна Италија

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

МНР нема информации за македонски државјани во Италија заболени од корона вирус, повикуваат на претпазливост при патување

Инфективната клиника во Штип ќе функционира како објект за изолација за сомнителни случаеви на корона вирус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео): ИРЛ објави продолжение на документарецот „Нечиста крв“ за клиниката „Жан Митрев“

Редакција

Во Велес во вторник по Велигденските празници, припадници на АРМ ќе ги контролираат влезовите на банките поштата, маркетите и Градскиот пазар

Редакција

По кратко и тешко боледување, почина познатиот српски актер Жарко Лаушевиќ

Редакција