еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Извадени два тумори од кои еден со огромни димензии од пациентка која со години ја „шетале“ по клиники

Во клиниката „Жан Митрев“ еден од многуте карактеристични случаи кои беше забележан во последниов период е случајот со една наша сограѓанка која на свои 56 години доживеа вистинска траума и борба за својот живот во други клиники каде што претходно се лекувала без притоа да ѝ се реши проблемот кој бил животно загрозувачки за неа – со анамнеза за докажан хемангиом на црн дроб пред 5 години.

Последна контрола на МСКТ (мулти слајсна компјутеризирана томографија) имала во 2018 година по што се јавува во Zan Mitrev Clinic на контрола поради незадоволство од услугите во јавното здравство.

„При преглед пациентката е со телесна тежина од 95 кг, со висина од 164 см и индекс на телесна маса (BMI) од 35,33 кг/м2. Основни тегоби кои ги имаше пациентката се болки под десен ребрен лак и болки во десно рамо.

На контролен МСКТ утврдивме дека хемангиомот го зафаќа скоро целиот десен лобус на црниот дроб (со пречник околу дваесетина сантиметри и неколку килограми тежина) со истовремено присутен и помал хемангиом на левиот лобус.

Во однос на претходниот наод на МСКТ во моментот хемангиомот се зголемил скоро за 50%. На ниво на хепатичните вени утврдена е компресија и патолошки анастомози со долната вена кава. Реконструкцијата на абдоминалните артерија покажа, како што се и очекуваше, дека помеѓу десната хепатична артеријата и хемангиомот нема патолошки комуникации.

Поради големината на промената советувана е за оперативно отстранување на двете промени на црниот дроб“, објаснува доктор Милчо Пановски, абдоминален хирург, супспецијалист, во клиниката „Жан Митрев“, којшто понатаму со тимот ја изведоа оваа комплицирана операција.

Веднаш се пристапило кон подготовка за оперативен зафат кој потоа го извел тимот на Zan Mitrev Clinic. Пациентката е примена и водена согласно ERAS (Enhanced Recovery After Surgery) протоколот.

Од тимот што ја изврши операцијата објаснуваат дека поради големината на хемангиомот оперативното поле за интервенција било значително ограничено а операцијата отежната.

За време на операцијата поради очекуванато крвавење користен е IOS (intraoperative blood salvage) односно медицинска постапка што вклучува враќање на изгубената крв за време на операцијата и повторно внесување на истата кај пациентот. Оваа постапка е главна форма на авто-трансфузија.

„Успеавме безбедно да се отстрани хемангиомот од десниот лобус како и да се отстрани хемангиомот од левиот лобус. Вкупното време на операцијата изнесуваше 210 мин. Операцијата и пост оперативниот тек беа уредни“, додава доктор Пановски.

По операцијата пациентката е со стабилна здравствена состојба и е на домашно заздравување.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мизеријата за личните документи со „Северна“ во една снимка

Редакција

Во Македонија ќе се увезуваат работници од странство, првично од Западен Балкан

Редакција

Блокадата на Собранието e неодговорно однесување што не носи добро никому, вели Ковачевски

Редакција