еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Извинете што Ве излажавме

Изминативе денови сведоци бевме на жестоки полемики околу менување на зборот „менструација“ во „фемструација“, како и негова транскрипција во „женструација“ на македонски јазик поради искоренување на префиксот „мен“ („маж“) во зборот.

Но, зборот „менструација“ сепак си останува онаков каков што е, а нам ни е драго што изминатата недела жестоко полемизиравте, „гуглавте“ и заземавте свој став околу наводната промена. Токму тоа и беше целта на овој социјален експеримент кој е дел од кампањата на најновиот женски бренд на македонскиот пазар, Fixie Period Panties.

Fixie Period Panties се гаќи со дупло дно на кое совршено се вметнуваат крилцата на влошката и истите нудат удобност, комфорт, слобода во движењето и дополнителна заштита во деновите кога имаме менструација.

Но, Fixie Period Panties е повеќе од обичен производ – Fixie Period Panties е бренд чијашто мисија е многу поголема и повикува отворено да зборуваме за репродуктивното здравје и да ги скршиме табуата за менструацијата во Македонија!

Зошто? Во ера каде што сè повеќе се слуша и зборува за моќта и еднаквоста на жените, сè уште постојат одредени табу теми за кои се зборува (или воопшто не се зборува) зад затворени врати.

Повеќето од нас, дури и жените, не сакаат или пак се срамат да зборуваат за менструација. Жените ги кријат влошките и тампоните во ракавите додека одат накај тоалетот, шепотат кога бараат влошка на заем, ги кријат влошките помеѓу другите производи на каса во маркетот, за менструацијата дури често зборуваат и во шифри, како „оние денови“ или „дојде тетка ми“.

Поентата на проектот беше токму тоа: да се поттикне дискусија за менструацијата и да не се срамиме од нешто што е совршено нормален процес и во биолошката природа на жените.

На крајот, Fixie Period Panties Ви благодари што минатата недела јавно и гласно го кажавте и напишавте зборот „менструација“, независно дали вашиот став беше „за“ или „против“.

Особена благодарност до медиумите за нивното вклучување и поддршка, како и до сите оние кои на било кој начин беа вклучени во нашиот проект. Продолжете со иста енергија да се борите и за искоренување на табуата и отворен разговор за МЕНСТРУАЦИЈАТА.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали нѐ очекува уште една промена на име: Менструација ќе се преименува во „фемструација“ или „женструација“  

Се вади префиксот „мен“ од „менструација“ – отсега жените во Европа ќе го нарекуваат „фемструација“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска променливо облачно, со температура до 28 степени

Редакција

Менструални производи – привилегија или потреба?

Редакција

УХМР: Можно слевање вода во градските средини и локално излевање на помалите реки

Редакција