еМагазин
Image default
Македонија

Изводливо ли е технички во карантин да одат само Чаир, Сарај, Гази Баба и Аеродром

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција порача дека повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба, по примерот на Дебар, посочувајќи ги скопските општини Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром, каде има поголема концентрација на нови заразени од корона вирусот од периодот на строгите рестриктивни мерки.

Запрашан дали е технички возможно да се спроведе карантин во овие општини во Скопје, Филипче рече дека тоа ќе бара сериозна координација и организација со другите институции и со МВР.

-Верувам дека тоа ќе бара една сериозна координација и организација со другите институции и МВР.

Мора да кажам дека искрено се надевам дека нема да стигнеме до таму да бараме такви мерки, но сме спремни.

На крајот на краиштата и техничката изведба на нешто што е потребно сигурно ќе се најде начин како да се спроведе.

Но, битно е јасно да се упати сигналот дека сега треба сериозно сите да се придржуваат до мерките, сите околни земји сега ги отвораат границите и ги прават овие ослободувања за коишто и ние имаме план.

И ние имаме план во којшто планираме што следно, што сега не функционира да го ослободиме, меѓутоа времето кога тоа ќе се случи сега го одлучуваме во следните денови, почеток на следната недела, секој ден или врз основа на двонеделните анализи.

Значи, мора да сфатиме дека мора да се почитуваат овие превентивни мерки, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу во Бутел, Сарај, Чаир: Од кои скопски општини се новозаразените со корона вирусот

Ако во Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром не се почитуваат мерките, општините ќе одат во карантин

Четворица новопочинати од корона вирусот, вкупно 126

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Немаат симптоми: Две лица од Тетово од исто семејство заразени со делта сојот

Редакција

И Коѕијас објасни зошто на референдумот немаше цензус, но и дека истиот не е услов

Редакција

Вештачењето во „Тврдина-Таргет” е изготвено од лице без лиценца, вели Јанкулоска

Редакција